Fighting Windmills

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Fighting Windmills
Fighting Windmills.jpg
Основни податоци
Познат(а) и какоF.W!
ПотеклоРепублика Македонија Скопје
Жанр(ови)ска/експериментал/прогресив
Години активност2007 - сѐ уште
Веб-местопрофил на myspace.com
Членови
Балова Ена
Букршлиев Филип – Бука
Вирановски Филип – Бумбар
Пешевски Дарко - Куло
Ивановски Никола

Fighting Windmills (F.W!) е бенд од Скопје, Македонија. Официјално бендот беше основан кога Бука (гитара, вокал), БумБар (бас) и Ена (виолина, вокал) беа разочарани од расформирањето на нивниот претходен бенд Таратур, но и цврсто решени да продолжат со правењето музика. Нешто подоцна им се придружи во бендот и Нина (тапани).

Почетоци[уреди | уреди извор]

Од есента 2007 бендот забрзано почнува да работи, за кратко време создава многу песни. Првиот настап на Fighting Windmills се случи на 20.октомври.2007 во клубот Кастро во Скопје, на кој се надоврзаа многу други настапи. До ден денес тие имаат свирено со значајни имиња од македонската, регионалната и светската сцена како The Toasters, Ringispil, Elvis Jackson, Jabolko za Daskalot, White Noise In The White Room, Културно Уметнички Работници, PMG Kolektiv, Dz Dz, Analena, Plus Dots… свиреа и на првиот Скопски Пиволенд, свиреа и на вториот Скопски Пиволенд и многу други. Најзначајниот настап на бендот е настапот на EXIT фестивалот во Нови Сад, летото 2008.

"Аграрни реформи и варијации на тема..."[уреди | уреди извор]

Истата година го снимаат албумот „Аграрни реформи и варијации на тема...“ кој содржи 15 песни, издаден за Литиум Рекордс. Големата промоција на албумот се случи како дел од Таксират 10 фестивалот, на која бендот ја делеше сцената со Рамбо Амадеус.

EP - "?!"[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 2009 им се приклучува нов член во бендот, Никола (труба), а набрзо потоа на местото тапанар доаѓа Мачак. Бендот во овој состав издава EP со 4 песни насловено “?!" ” издадено во 2010 за PMG Recordings.

Според непишаното правило на овој бенд, за секое ново издание да имаат нов тапанар, така и за вториот нивни албум на кој моментално работат го ангажираа Дарко за таа позиција. Албумот треба да биде издаден кон крајот на 2010 година.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Година Име Издавачка куќа
2008 Аграрни реформи и варијации на тема... Lithium Records
2010 EP - ?! PMG Recordings

Надворешни врски[уреди | уреди извор]