Фелипе Матиони

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Felipe Mattioni Rohde)
Фелипе Матиони
Лични информации
Целосно име Фелипе Матиони Рохде
Положба одбрана / десен бек
Клупски информации
Тековен клуб
Еспањол
Број 2
Младинска кариера
2004–2007 Гремио
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
2007–2010 Гремио 13 (0)
2009ФК Милан (loan) 1 (0)
2009–2010Мајорка (позајмица) 20 (1)
2010– Еспањол 0 (0)
*Клупски домашни лигашки настапи и голови, точно согласно 1 September 2011

Фелипе Матиони (португалски: Felipe Mattioni Rohde) (роден 15 октомври 1988 во Ижуи, Јужно Рио Гранде) — бразилски фудбалер кој игра на позиција десен бек во екипата на Мајорка. Исто така има и италијанско државјанство.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Матиони ја започна својата кариера во 2004 како младински играч и стигна до првиот тим во 2007, но не играше во таа сезона. Како и да е, тој направи пробив со неговите перформанци во 2007 во У-20 Бразилска лига. Во сезоната 2008 го направи своето деби во домашната победа против Наутико со 2-0.[2]

На 15 јануари 2009, Милан објави дека го земаа Матиони на позајмица со право да го купат откако ќе заврши позајмицата. Матиони играше во неговото прво неофицијално деби за Милан во пријателскиот натпревар против Ренџерс кој заврши со резултат 2-2.[3]

Првото официјално деби за Милан го направи на 3 мај 2009 во натпреварот против Катанија, кога влезе во 88-та минута како замена за Кака. Милан го доби тој натпревар со 2-0.[4]

После неуспешната сезона помината во Милан, клубот не ја искористи можноста за откупување на играчот со што Матиони се врати во Гремио.

На 26 август 2009 Мајорка потпиша со бразилскиот десен бек договор за позајмица на една година. Мајорка за играчот плати 2 милиони евра.[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Revelação, Mattioni está perto de trocar Grêmio pela Itália“. esporte.uol.com.br. 2008-11-11.
  2. „Grêmio bate o líder Náutico, e segue invicto na competição“. esporte.uol.com.br. 2008-05-24. Архивирано од изворникот на 2008-05-27. Посетено на 2009-05-04.
  3. „WELCOME FELIPE!“. AC Milan. 2009-01-16.
  4. „Фелипе Матиони среќен со дебито во Милан“. goal.com. 4 мај 2009. Посетено на 4 мај 2009.
  5. „Mattioni: "Soy muy feliz por jugar en el Real Mallorca" (шпански). RCD Mallorca. 2009-08-26. Архивирано од изворникот на 2009-08-29. Посетено на 2009-08-26.