Пчеларка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од European Bee-eater)
Пчеларка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Модроврани
Семејство: Пчеларкики]]
Род: Пчеларки
Вид: Пчеларка
Научен назив
Merops apiaster
Карл Лине, 1758

Пчеларка (науч. Merops apiaster) — вид птица од семејство блиско до врапчевидните, од редот на модроврани. Се пари на јужните делови од Европа и на делови од северна Африка и јужна Азија. Таа е птица преселница, селејќи се во тропскиот дел на Африка, Индија и Шри Ланка. Овој вид птица го има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Овие видови, како и другите пчеларки, се богато обоени витки птици. Има кафен и жолт горен дел, додека крилата се зелени, а клунот црн. Постигнува должина од 27 до 29 см, вклучувајќи ги двата продолжени пердуви на опашот.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Исхрана на пчеларката - женката (напред) ја чека понудата од мажјакот

Ова е птица која живее на отворено во потопли краишта. Како што ни кажува името, пчеларките воглавно јадат инсекти, посебно пчели, оси и стршлени кои ги фаќаат во воздухот, седејќи во своето гнездо. Пред да го изеде своето јадење, пчеларката ја трга боцката, удирајки го инсектот на тврда површина. Јаде околу 250 пчели дневно, но тоа не влијае многу врз популацијата на пчелите, бидејќи изнесува помалку од 1% на пчелите во областа каде живее.[2] Покрај инсектите, се храни и со голем број гуштери и жаби. Според една студија, пчеларките ја пренесуваат храната во нивната телесна тежина многу поефикасно ако се хранат со мешавина од пчели и муви, отколку ако хранат само со пчели или само со муви.

Поведение[уреди | уреди извор]

Пчеларките формираат јата, се парат во колонии во песочни дувла, обично околу речните корита, во почетокот на мај. Тие прават релатвно долг тунел во кој положуваат 5-8 јајца на почетокот од јуни. Заедно, мажјакот и женката се грижат за јајцата кои се испилуваат по 3 недели. Овие птици додека се хранат и парат се многу блиски и поврзани. Кога се додворува, мажјакот ѝ ги дава поголемите инсекти на женката, а самиот тој ги јаде помалите.[3] Мажјаците се претежно моногамни, но се забележани случаи на бигамија.[3] Огласувањето на оваа птица е пријатно карактеристично вибрирање.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Merops apiaster. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. doi:10.1146/annurev-ento-120709-144802
  3. 3,0 3,1 doi:10.1007/BF00299888

Надворешни врски[уреди | уреди извор]