Емпаер стејт билдинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Empire State Building)
Емпаер Стејт Билдинг.

Емпаер Стејт Билдинг (англиски: Empire State Building) е облакодер во арт деко стил кој се наоѓа во Њујорк, во пресекот на Петтата авенија и Западната 34-та улица.

'Емпајар Стејт Билдинг(Empire State Building)

Едно од најпознатите обележја на градот Њујорк, Сад е 102 катниот облакодер, изграден во Арт деко стил, Емпајар Стејт Билдинг (Empire State Building). Тој се наоѓа на раскрцницата помеѓу Петатта авенија и 34 Западна улица. Зградата е висока е 1250 стапки (381 метар). Овој облакодер го добива своето име според прекарот на државата Њујорк, Емпајар Стејт (Empire State). Со завршувањето на оваа градба во 1931 таа го носела епитетот на највисока зграда во светот повеќе од 40 години сè до изградбата на Северната кула на Светскиот трговски центар во 1972 година. По уништувањето на Светскиот трговски центар во 2001 година Емпајар стејт билдинг повторно стана највисока зграда во Њујорк. Американското здружение на градежни инженер и го вбројуваат овој облокодер во седумте светски чуда на модерниот свет. Внатрешноста на зградата и подот на улицата се определени од Здружението за заштита на обележијата на градот Њујорк а потврдени од Одборот за пресметки на градот Њујорк. Во 1986 година добива статус на Државно Историско место. Во 2007 година Американскиот архитектонски институт го рангира овој облакодер на првото место на списокот на Најомилена американска архитектонска градба. Зградата е под управа и во сопственост на W&H Properties. Во моментов Емапајар стејт билдинг е третиот највисок облакодер во Сад (по двете чикашки згради Вилис таур(Willis Tower) и Трамп интернеешенал хотел(Trump International Hotel and Tower), a 15 по ред по височина во светот. Тој исто така е Четвртата највисока самостојна градба во САД. Во моментов оваа зграда е во процес на реновирање за што се користат 550 милиони долари од кои 120 милион долари се користат во обид да се трансформира зградата во енергетско поефикасна и еколошка структура.

Историја

Замислата за изградбата на Емпајар стејт билдинг за првпат е развиена од Џон Томсон Фарм кон крајот на 18 век. Во тоа време, потокот кој се наоѓал на тоа место се излеал во езерото Сунфиш еден блок подолу. Кон крајот на 19 век овој блок е заземен од страна на Валдорф асторија хотел и бил често посетуван од општествената елита на Њујорк- Форхадретс.

Дизајн и Изградба

Емпајар стејт билдинг е дизајниран од страна на Вилијам Ф. Лемб од архитектонската фирма Sherve, Lamb &Harmon. Користејќи ги своите претходни дизајни за З градата Рејнолдс (Raynolds Building) во Винстон Селем, Северна Каролина и Кулата Карев (Carew Tower) во Синсинати, Охајо (дизајнирани од архитектонската фирма W.W.Ahlschlager& Associates), градежните цртежи за оваа зграда беа изработени за само две недели. Секоја година персоналот на Емпајар стејт билдинг му испраќаат картичка за Денот на таткото на персоналот на Зградата Рејнолдс (Raynolds Building) во Винстон Селем со цел да му оддадат почит на претходникот на Емпајар стејт билдинг. Зградата е дизајнирана од врвот па надолу. Главни изведувачи биле Браќата Стерет и Икен, а главни финансиери биле Џон Џ. Раскоб и Пјер С. Ди Пон. Градежната компанија била предводена од поранешниот гувернер на Њујорк, Алфред Д. Смит, додека Корпорацијата за општи градежни набавки на Џејмс Фарли го обезбедила градежниот материјал. Како главен инженер за изградба на овој проект бил назначен Џон Б. Боусер. Ископувањето на темелите започнува на 21 Јануари 1930 година, додека изградбата на зградата под влијание на претседателот на Empire State, Inc Ал Смит , започнува симболично на 17 март денот на св. Патрик. Во проектот се вклучени 3 400 работници, воглавно имигранти од Европа заедно со стотина мохикански силни работници од резерватот Кахаваке близу Монтерал. Според службените документи, пет работника загинале за време на изградбата. На 1 мај 1931 година внуците на Гувернерот Смит ја исекле лентата со што Емапјар стејт билдинг официјално била отворена за јавноста. Фотографијата на Луис Вајкс Хајн , сликана за време на изградбата не е само непроценлива документација за изградбата туку и пример за севкупниот секојдневен живот на работниците во тоа време. Градењето на овој облакодер е токму поради добивање на титулата највисока зграда во светот. Два други проекти кои се бореле за истата титула , 40 Wall Street и Chrysler Building биле веќе во изградба кога се започнало со градењето на Емпајар стејт билдинг. Секоја од нив ја имала титулата за највисока зграда во светот помалку од една година бидејќи Емпајар стејт билдинг бил завршен само 410 дена од започнувањето на градбата. Зградата официјално била пуштена за јавноста на 1 мај 1931 година на еден драматичен начин кога Американскиот претседател Херберт Хувер со претискање на едно копче од Вашингтон ги запалил светлата поставени на врвот на самата зграда. Една година подоцна истите тие светла беа запалени повторно, но сега поради објавување на победата на Френклин Д. Рузвелт врз Хувер во претседателките избори во ноември 1932 година.

Архитектура

Емпајар стејт билдинг до својот 102 кат е висока 1250 стапки (381метар) плус 203 стапки (62 метри) кои му припаѓаат на врвот па така целосната висина на оваа зграда е 1453 стапки (443,09 метри). Зградата е составена од 85 комерцијали и деловни простории кои ги претставуваа основата од 2 158 000 квадратни стапки (200,500 метри квадратни). На 86 кат постои внатрешна и надворешна тераса за набљудување. Останатите 16 простории претставуваат кула во Арт деко стил кои се ограничени од страна на опсерваторијата сместена на 102 кат. Врвот на кулата е висок 203 стапки (62метри). Поголемиот дел на самиот врв е покриен со репетитори и антени, а на самиот врв е сместен громобран. Емпајар стејт билдинг е првата зграда која имала повеќе од 100 катови. Таа има 6500 прозорци и 73 лифта и 1860 стапки оддалеченост од 102 кат . Нејзината вкупна површина е 2 768 591 квадратна стапка (257,211 метри квадратни), основата на самата зграда е околу 2 хектари (8 094 метри квадратни). Во зградата се сместени 1000 бизнис компании. Таа располага со свој сопствен поштенски број (10118). Од 2007 година приближно 21 000 вработини работат во оваа зграда секој ден со што Емпајар стејт билдинг е вториот најголем канцелариски комплекс во Америка веднаш по Пентагон. Објектот е завршен во време од една година и 45 дена . Првобитно во централниот дел се наоѓале 64 лифтови додека во моментов Емпајар стејт билдинг има 73 лифта во сите делови , вклучувајќи ги и лифтовите за услуги. За да се стигне до 86 кат кадешто се наоѓа набљудувачката тераса, со лифт потребно е помалку од една минута . За зградата се искористени 70 милји (113 километри) цевки, 760 000 метри електрична жицаи околу 9 000 славини. Оваа зграда се загрева со помош на пареа под низок притисок. И покрај висината на зградата и е потребно од 14 до 21 килопаскали за затоплување. Таа тежи околу 370 000 тони . Надворешноста на зградата била изградена од панели од варовниците од Индијана. За разлика од повеќето облакодери денес , Емпајар стејт билдинг е Изградена во Арт деко дизајн , карактеристичен за архитектурата во Њујорк пред Првата светска војна. Модернистичките сводови од нераѓосувачки челик на влезовите од 33-та и 34-та улица водат до тњо-сторѕ високиот коридор околу јадрото за лифтовите испреплетен од не’рѓосувачки челик и стаклени затворени мостови на вториот кат . Јадрото за лифтот е составен 67 лифтови. Лобито се наоѓа на највисокиот кат и претставува алуминиумски релјеф на облакодерот без антена кој не беше додадена на куполата сè до 1952 година. Северниот ходник е составен од 8 светлечки паноа , создаден од страна на Рој Спаркиа и Рене Неморов во 1963 година на кои покрај традиционалните седум, насликано е и осмото светско чудо. Долгорочното предвидување за животниот циклус на зградата е вметнато во времето кога е дизајнирана зградата со што се задоволувааат барањата на претходните како и на идните генерации. Ова е особено изразено во дизајнот на електричниот систем на објектот.

Рефлектори

Во 1964 година беа додадени рефлекторите кои требаше да го осветлуваат врвот на зградата во текот на ноќта. Рефлекторите беа во избрани бои со цел да одговараат на сезонски и други настани како : Свети Патрик, Божиќ, Денот на Независноста или Денот на Бастиља. На пример веднаш по 80 роденден и непосредно по смртта на Френк Синатра , зградата беше обоена со сино светло во знак на прекарот на познатиот пејач Сини Очи. По смртта на протагонистката од Кинг Конг Феј Врај кон крајот на 2004 година сите светла беа изгаснати и зградата остана во целосен мрак цели 15 минути. По уништувањето на Светсккиот траговски центар зградата беше обоена во црвена, бела и сина боја неколку месеци. На 4 јуни 2002 година Емпајар стејт билдинг беше облечена во пурпурна и златна боја ( боите на кралицата Елизабета II), во знак на благодарност на Велика Британија која како знак на поддршка по нападите од 11 септември, на 12 септември 2001 година за време на промена на стражата во Бакингамската палата свирена е американската државна химна. Традиционално , како дополнение на вообичениот распоред, за време на натпреварите на спортските екипи од Њујорк на домашен терен зградата ќе биде осветлена во нивните препозантливи бои (портокалова, сина и бела , боите на Њујорк Никс и црвена, бела и сина ,боите на Њујорк Ренџерс ). Првиот викенд од месец Јуни , зградата ќе биде обоена во зелена боја поради Влоговите во Белмонт кои се одржуваат во близина на Паркот Белмонт. Кон крајот на август и почетокот на септември за време на тенискиот турнир US Open , зградата ќе биде обоена во бојата на тениското топче (жолта). Зградата двата пати беше осветлена во црвена боја и тоа првиот пат како знак на поддршка на Универзитетот Рутгерс во фудбалскиот натпревар против Универзитетот Луисвил на 9 ноември 2009 година додека за вторпат таа беше обоена во црвено на 3 април 2007 година кога женската кошаркарска репрезентација играше на Државниото првенство за жени. Во 1995 година зградата е обоена во сина,црвена и жолта боја поради лансирањето на оперативниот систем Виндовс 95 на Мајкросовт кампањата од 300 милиони долари. Исто така зградата е обоена во виолетова и бела боја во чест на студентите кои дипломираат на Универзитетот Њујорк и во сина и бела боја во чест на оние кои дипломираат на Универзитетот Колумбија. За време на геј неделата во јуни зградата е обоена во бледорозева боја симболизирајќи ги правата на хомосексуалците. Секоја година во септември зградата се обојува во црна ,црвена и жолта боја и светлата на врвот се исклучени поради прославата на Германско-американската парада на Петтата авенија . Во октомври 2007 година зградате била обоена во зелена боја цели три дена во чест на исламскиот празник Еид-Ул-Фитир. Првиот ден од осветлувањето отогашш па наваму се смета како годишен настан и е повторено во 2008, 2009 и 2010 година. За да се означи почетокот на филмот Симпсонови во декември 2007 година зградата беше обоена во жолта боја. Од 25 до 27 април 2008 година зградата е обоемна во бледорозева , роозова и бела боја во чест на музичките достигнувања на поп дивата Мараја Кери и издавањето на нејзиниот единаесетти студиски албум. Кон крајот на Октомври 2008 година зградата била обоена во зелена боја во чест на пет годишнинта од реноминараните Музички награди на Бродвеј со Кери Елис и Стивен Шварц. Почнувајќи од 2008 година оваа зграда заедно со сите згради во градот Њујорк и други градови ширум светот учествувале во Часот на Планетата Земја во кој сите светилки на облакодерите биле изгаснатои еден час со цел да се придонесе кон заштедувањето на електричната енергија. Во септември 2009 година , една ноќ таа била обоена во портокалова боја една ноќ по повод откривањето на островот Менхетен од страна на Хенри Хадсон 400 години порано. За време на оваа вечер биле присутни холандскиот принц Вилем –Александар и неговата сопруга принцезата Максима кој воедно и ги запалиле светилките од лобито на зградата. Во 2009 година зградата била осветлена во црвена и жолта боја, со цел да прославувањето на 60 годишнината од основувањето на Народна Република Кина . На 25 мај 2010 година зградта е осветлена во сина и бела боја во чест на 20 годишнината од Мајската револуција во Аргентина. На 12 јули 2010 година беа запалени рефлекторите во црвена и жолта боја со цел да се прослави победата на Шпанија на С ветското првенство на ФИФА 2010. На 20 јули 2010 година конзулатот на Колумбија во Њујорк побара оваа зграда да биде ослетлена во боите на Колумбија, жолта сина и црвена за да ја одбележат 200 годишнината од колумбиската независност. Традиционално секоја година на 15 септември зградата е обоена во боите на Мексико (зелена , бела и црвена ) со цел да се одбележи годишнината од независноста на Мексико. На 29 април 2011 година на зградата ќе биде осветлена во црвена, бела и сина боја боите на знамето на Кралската Унија во чест на свадбената церемонија на Војводата од Кембриџ ,принцот Вилијам и Кејт Миделтон.

Отворање

Отворањето на самата зграда се совпаднало со Големата Депресија во Сад и како резултат на тоа поголемиот дел од своите деловни простории не биле издадени под кирија. Поради лошата локација на Улицата 34 која во тоа време била релативно далеку од јавниот превоз како Grand Central Terminal , Port Authority Bus Terminal , Penn Station сместени неколку блокови подолу резултирало со голем број на слободни работни места. Другите поуспешни згради како на пример Зградата Крајслер го немале овој проблем. Во првата година од своето работење беа потрошени околу 2 милиони долари за доградување на катот за набљудување онолку колку неговите сопственици собрале од киријата. Поради недостигот на закупци Њујоркчаните обожавале да ја нарекуваат оваа зграда со името Празен Стејт билдинг. Згдарада нема да излезе од финансиските проблеми сè до 1950 година. Во 1951 година Емпајар стејт билдингот е продадена за рекордни 51 милион долари на Роџер Л. Стивенс. Договорот за продажбата на оваа зграда бил постигнат со посредство на големaта фирма за недвижности Charles F.noyels &Company. Во тоа време тоа била највисоката цена која била платена за една структура во историјата на недвижности.

Авио-терминал за дирижабл

Врвот на зградта во карактеристичниот Арт деко стил првично бил наменет како јарбол за усидрување на котва и депо за дирижаблите. 102 кат првично бил платформа за слетување со подвижен мост за дирижаблите. Лифтот кој сообраќал помеѓу 86 и 102 кат требало да служи за транспорт на патниците , откако тие ќе бидат чекирани на 86 кат. Како и да е оваа идеја се покажала како многу опасна и непрактична по неколкуте обиди за слетување со воздушни бродови токму поради моќното воздушно струење предизвикано од големината на самата зграда како и недостатокот на синџири за врзување т.е. укотвување на дирижаблот за земјата. На самиот врв од врвот на зградата во 1953 година била додадена антена за емитување на програми.

Авионската несреќа од 1945 година

Во Саботата на 28 Јули 1945 година, авион од типот Б-25 Мичел управуван од потполковникот Вилијам Френклин Смит помладиот со цел да изврши самоубиство се урнал во северната страна на Емпајар стејт билдинг кадешто биле сместени канцелариите на Советот за државна католичка грижа. Еден од моторите на авионот се одвоил и под притисок удрил во покривот на една зграда сместена во соседниот блок со што избил голем пожар во кој се уништени 5 куќи. Другиот мотор и дел од опремата за слетување паднале во отворот за лифтот . Како резултат на пожарот кој бил изгаснат за 40 минути 14 луѓе биле убиени во инцидентот . Лифт операторот Бети Лу Оливер преживеал пад од 75 ката во лифт и сè уште го држи Гинисовиот рекорд за најдолго преживеан снимен пад во лифт. И покрај оштетата и загубата на човешките животи зградата била повторно отворена веќе следниот понеделник. Оваа несреќа потпомогнала во поттикнување на усвојувањето на долго очекуваниот Federal Tort Claim Act од 1946 година како и вметнување на ретроактивните одредби во законот кои им овозможуваат на луѓето да ја тужат Владата ако се случи некоја несреќа.Една година подоцна еден авион за влакно не удрил во зградата.

Статистички податоци за висината на зградата и споредба со други згради

Емпајар стејт билдинг цели 23 години била Највисоката структура создадена од човекот сè до 1954 година кога таа била надмината од страна на телевиската кула Грифин во Оклахома. Таа исто така била н ајвисоката независна градба во светот цели 36 години а во 1967 година таа е поразена од Ostankino tower. Цели 42 години таа го држеше светскиот рекорд за највисок облакодер сè до 1973 година кога беше надмината од страна на северната кула на Светскиот трговски центар . Во 1970 година постоеше предлог да се сруши Врвот на зградата и да се додадат дополнителни 11 ката со која зградата би достигнала висина од 1 494 стапки (455 метри )и уште еднаш да го зазеде местото на највисока зграда во тоа време. По долго разгледување , овој предлог беше отфрлен. Со уништувањето на Светскиот трговски Центар на 11 септември 2001 година , Емпајар Стејт билдинг повторно стана највисоката зграда во градот Њујорк и втора највисока зграда во Америка по Чикашката Willis Tower . Таа во моментов е трета највисока зграда веднаш по Willis Tower и Trump International Hotel and Tower . Кога се мери со се врвот Емпајар стејт билдинг е исто така трета највисока зграда во Америка но сега веднаш по Willis Tower и Jonh Hancock Center . Со завршувањето на светскиот трговски центар 1 кој во моментов е во изградба во Њујорк се очекува да ја надмине висината на Емпајар стејт. Се очекува тој да биде висок 1 776 стапки (541 метар) со што ќе биде највисоката зграда не само во градот Њујорк туку и во цела Америка.

Самоубиства

Со текот на годините повеќе од триесет луѓе извршиле самоубиство од врвот на зградата. Првото самоубиство се случило пред зградата да биде завршена од страна на еден работник кој бил отпуштен.Оградата околу палубата за набљудување била поставена во 1947 година откако 5 лица во период од 3 недели се обиделе да се самоубијат. На 1 мај 1947 година, 23 годишната Евелин Мек – Хејл се самоуби , скокајќи од 86 кат. Нејзиното тело паднало врз автомобилот на Обединетите нации паркирано на тротоарот. Неколку минути по нејзината смрт таа , нејзиното беживотно , деформирано тело било фотографирано од страна на студентот Роберт Вилс. Полицијата пронашла проштално писмо во нејзините лични работи оставени на палубата за набљудување: На него ќе му биде многу подобро без мене ... Јас не сум добра за никој. Фотографијата како и статијата за ово самоубиство биле објавени во изданието на Магазинот Лајф на 12 мај 1947 година и честопати е поистоветувано како едно од најубавите самоубиства. Оваа фотографија му послужила како инспирација на визуелниот Уметник Енди Ворхол за една од неговите слики наречена Самоубиство (Паднати тела). На 2 декември 1979 година Елвита Адамс се обидела да изврши самоубиство скокнувајќи од 86 кат. На жалост таа паднала на 85 кат и од нејзиното самоубиство останало само еден скршен колк.

Галерија[уреди | уреди извор]