Elucidarium (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Elucidarium или Elucidarius (латински: „Светилка“) - богословски прирачник (катехизис) од последните години на 11 век или почетокот на 12 век за кој се претпоставува дека е дело на Хонориј Аугустодунски.[1]

За делото[уреди | уреди извор]

Германска верзија на Elucidarium од 1559 година.

Во книгата не е наведено името на авторот, кој во прологот ја наведува својата желба да остане анонимен „за да не предизвика завист“. Според истражувачите, книгата е напишана под директно влијание на Анселмо Кентербериски при што се смета дека Хонориј бил негов ученик. Исто така, во делото се видливи и влијанијата на Свети Августин и на другите црковни отци чии дела Хонориј ги познавал само посредно, најверојатно преку учењето на Анселмо. Современиците на Хонориј, схоластичарите, воопшто не го ценеле ова дело и не се повикувале на него. Наспроти тоа, во текот на неколку векови, сè до 15 век, книгата била постојано препишувана и умножувана, дополнувана и прераскажувана, а била преведена на речиси сите јазици во католичкиот свет: старофранцуски, провансалски, велшки, италијански, англиски, долногермански, горногермански, старошведски и среднохоландски. Најчесто, ова дело било умножувано во едноставни и евтини ракописи при што само во Франција се сочувани над 80 примероци. Големата популарност на делото се должи на тоа што во него се изложени основните теолошки догми и најважните настани во светата историја (од создавањето на светот до второто Христово доаѓање), напишани во форма на одговори што учителот му ги дава на ученикот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 63.
  2. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 63-64.