Еласмосаурус
Еласмосаурус Период: доцна креда, | |
---|---|
Реконструиран скелет, Канадскиот музеј на природата | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Род: | †Еласмосаурус |
Вид: | †Elasmosaurus platyurus Cope, 1868 |
Еласмосаурус (од грчки: ελασμος; „еласмос“ односно 'тенка плочка', што се однесува на тенките плочки што ги има на карлицата + σαυρος; „саурус“ односно 'гуштер) — род од редот на плезиосаурусите со многу долг врат, кој живеел во периодот доцна креда од мезозојската ера пред 80,5 милиони години.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Еласмосаурусот бил околу 14 метри долг и тежел преку 2.000 килограми, вбројувајки се меѓу најголемите плезиосауруси. Од сите останати плезиосауруси се разликува по тоа што имал 6 заба на секоја пермаксила (мали коскички на врвот од максилата кои кај човекот се споиле со истата) и 71 вратен пршлен.[2] Черепот му бил сплескан, со неколку долги, остри заби. Долната вилица била споена на врвот сè до четвртиот и петтиот заб.[2] Вратните пршлени најблиску до черепот биле долги и имале издолжени странични краеви.[3][4] Како повеќето еласмосауриоди (elasmosaurids), еласмосаурусот имал околу 3 градни пршлени, а опашката не помалку од 18.[3][4]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Еласмосаурус на Ризницата ?
- Elasmosaurus platyurus на Oceans of Kansas
|