Ecce Homo (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ecce Homo: Како човекот станува она што е (германски: Ecce homo: Wie man wird, was man ist) - книга на германскиот филозоф Фридрих Ниче, напишана во 1888 година, а првобитно објавена во 1908 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од следниве поглавја:[1]

Осврт кон книгата[уреди | уреди извор]

Во „Ecce Homo“ Ниче дава концизен приказ на екстерниет фактори и егзистенцијалните контексти во кои тој ги напишал познатите дела, а во помал дел книгата содржи и коментари на клучните тези содржани во делата на Ниче. Така, книгата содржи суптилни самоопишувања на психолошките состојби низ кои поминал Ниче во разни периоди од животот, како: односот кон Вагнер, чувствата кон Саломе, аверзијата кон христијанството итн.). Овие описи биле напишани кон крајот на животот на Ниче и тие може да се сфатат како завет и поука како треба да се доживуваат неговите клучни идеи. За таа цел, во оваа книга Ниче изведува уште подалекусежни консеквенци на неговите идеи изложени во другите дела. Притоа, во „Ecce Homo“ се сублимирани и концентрирани непосредноста, наративноста, експлицитноста и другите одлики на творештвото на Ниче, и тоа на поапстрактен начин.[2]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, издавачката куќа „Ѓурѓа“ ја објавила книгата „Ecce Homo“ во рамките на библиотеката „Воскреснати богови“. Ликовното и графичкото уредување било извршено во Студиото за ликовен и графички дизајн „Ѓурѓа“ (кое ја извршило и јазичната и стилска подготовка), а ликовен уредник бил Љупчо Јакимоски - Кум. Книгата има 112 страници, со димензии од 20 сантиметри, а на крајот од делото се наоѓа поговор со наслов „Ecce Homo или натчовекот на Фридрих Ниче“, напишан од Тони Науноски. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната изнака ISBN 978-608-201-137-0.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фридрих Ниче, Ecce Homo. Скопје: Ѓурѓа, 2011.
  2. Фридрих Ниче, Ecce Homo. Скопје: Ѓурѓа, 2011, стр. 108-110.
  3. Фридрих Ниче, Ecce Homo. Скопје: Ѓурѓа, 2011.