Eзеро Дубоки Поток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Езеро Дубоки Поток
Езеро Дубоки Поток -
Езеро Дубоки Поток -
Земји во сливот  Србија
Најг. должина 0,773
Најг. ширина 160
Површина 0,072
Водна зафатнина 0,00017
Населени места Белград


Езерото Дубоки Поток е вештачко езеро на територијата на општина Бараево.[1] Оддалечено е од Белград околу 35 километри.

Одлики[уреди | уреди извор]

Акумулацијата Дубоки Поток е изградена во почетокот на деведесеттите години на 20 век на истиот поток кој е притока Барајевска река, на само два километри од центарот на Барајево. Со изградбата на земјена брана, со висина од 15 метри и должина од 145 метри, се создаде акумулација со површина од 7,2 хектари, со корисен волумен од 170.000 кубни метри. Акумулацијата е изградена во рамките на Водостопанската основа на општина Бараево.

Целта на акумулацијата е задржување на поплавниот бран и одбрана од поплави населените места, сообраќајот (патишта, железници) и земјоделското земјиште во сливот. Поради интензивната изградба на населбата Бараево, била исклучена можноста за лоцирање на акумулацијата на главниот тек на Барајевска Река, па решението било најдено во изградба на мала брана и акумулација на притоката Дубоки Поток. Имајќи го предвид фактот дека акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на населбата, се отвора можност за нејзино користење заради одмор и рекреација, а со тоа се подобрува и основата за развој на туризмот.[2]

Панорама на езерото[уреди | уреди извор]

Панорамска фотографија на езерото. Фотографирано на 1 јули 2016 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „24 сата: Скривена излетишта на ободима града, Д. Милићевић“. 24sata.rs. 23. 3. 2012. Архивирано од изворникот на 27. 07. 2013. Посетено на 19. 8. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  2. „Kancelarija za lokalni ekonomski razvoj - Barajevo“. Посетено на 20. 8. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]