Dysphania multifida
| Dysphania multifida | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Семејство: | Штирови |
| Род: | Мирисливи лободи |
| Вид: | Dysphania multifida |
| Научен назив | |
| Dysphania multifida (L.) Mosyakin & Clemants | |
| Синоними | |
| |
Dysphania multifida е вид на цветно растение од семејството Amaranthaceae.
Потекнува од Јужна Америка, но може да се најде на повеќето континенти како воведен вид. Расте лесно во многу типови живеалишта, вклучувајќи ги и нарушените области како што се крајбрежјата.
Опис
[уреди | уреди извор]Многугодишно ароматично растение високо до 100 цм. Стеблото од основата силно разгрането со повеќе долги вертикални, странично наведнати или прилегнати гранчиња кои се силно разгранети. Целото растение покриено со обични и жлездести влакна. Листовите последователни, издолжено-ланцетовидни, неправилно пересто насечени или назабени, со линејни или ланцетни целокрајни или назабени делови, на врвот често заострени или зашилени. Базалниот дел на листот постепено продолжува во една куса дршка. Долната страна на листовите побогата со жлездести влакна од горната, а покрај нив има и куси обични влакна. Цветовите хермафродитни или еднополни, собрани по неколку во групи и во пазувите на листовите образуваат долги класовидни соцветија со многубројни пересто насечени ливчиња, формирајќи на тој начин едно пирамидално метличесто соцветие. Перијантните ливчиња 5, тревесто зелени, со ретки жлездести влакна, сраснати помеѓу себе до врвот, формирајќи едно торбесто образување со мрежесто набрчкана површина обрасната со ретки, меки и тенки куси или долги гргурави влакна. Врвот на перијантните ливчиња грбесто подуен. Перијантот отпаѓа заедно со плодот. Прашниците 5, со широки лентовидни филаменти. Плодникот со 3 долги, кончести жига. Плодот вертикален. Семките дисковидно сплеснати, темнокафеави, црни, светликави.[1]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Dysphania multifida расте по песокливите места покрај езерата и реките.
Познато само за Преспанското Езеро - плажата кај с. Претор.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||