Donkey Kong Jr.
| Donkey Kong Jr. | |
|---|---|
| Изработувач(и) | Nintendo R&D1 |
| Издавач(и) |
|
| Режисер(и) | Шигеру Мијамото |
| Продуцент(и) | Гунпеи Јокои |
| Уметник(ци) | Шигеру Мијамото Јошио Сакамото |
| Композитор(и) | Јукио Канеока |
| Серијал | Donkey Kong |
| Подлоги | |
| Датум на издавање | Аркаден автомат |
| Жанр(ови) | платформер |
| Режим(и) | едноиграчки, повеќеиграчки |
Donkey Kong Jr. (македонски: Донки Конг Помладиот, јапонски: ドンキーコング) — аркадна игра, издадена од Nintendo во 1982 г.[1][2]
Главниот лик во играта — Донки Конг Помладиот — мора да го спаси својот татко Донки Конг од Марио, кој ќе му попречува на секој можен начин. На секое ниво, играчот треба да го одведе Донки Конг Помладиот до самиот врв и да го спаси својот татко. За да се искачи таму, треба да се фаќа за лијани и јажиња и да се качува нагоре. Додека го поминува нивото, треба да собира овошје што дава бонуси и да ги избегнува противниците. По својата суштина, ова е играта Donkey Kong наопаку.
Нивоа
[уреди | уреди извор]Прво ниво
[уреди | уреди извор]Ова ниво се наоѓа во џунгла. Тука има многу лијани по кои не е тешко да се стигне до врвот. На дното на нивото тече вода, од паѓање во која Донки Конг Помладиот умира. Мала опасност претставуваат snapjaws (брза челуст), пуштени од Марио. Штом Донки Конг Помладиот се искачи нагоре, Марио го зема кафезот со постариот Донки Конг на следното ниво.
Второ ниво
[уреди | уреди извор]Ова ниво, како и претходното, се наоѓа во џунгла, но е веќе повисоко од нивото на морето, така што нема вода долу. Лијаните го менуваат своето распоредување, што го прави нивото потешко. Се појавуваат нови противници — птици. Штом главниот лик се искачи нагоре, Марио повторно го зема кафезот со себе на следното ниво.
Трето ниво
[уреди | уреди извор]Третото ниво е сместено во фабрика. Лијаните се заменуваат со јажиња и се појавуваат нови противници: електрични топки. Најдобриот начин да се поминат е да се прескокнат. Донки Конг Помладиот се качува нагоре, а Марио последенпат преминува, земајќи го кафезот со себе, на следното ниво.
Четврто ниво
[уреди | уреди извор]Последно ниво. Тоа целосно се состои од јажиња, движејќи се по кои, треба да се соберат сите клучеви. Потоа, кафезот со Донки Конг ќе биде отворен. Откако ќе се ослободи, постариот Донки Конг го клоца Марио и, соединувајќи се со својот син, си оди дома.
По завршувањето на играта, може да се започне одново на потешко ниво.
Ликови
[уреди | уреди извор]- Донки Конг — татко на Донки Конг Помладиот. Тој е заробен од Марио.
- Донки Конг Помладиот — главниот лик во играта, кој го спасува својот татко од заробеништво.
- Марио — главниот противник, грабнувачот на Донки Конг.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Famicom 20th Anniversary Original Sound Tracks Vol. 1 (Media notes). Scitron Digital Contents. 2004. Архивирано од изворникот 2 декември 2010. Посетено на 23 август 2010.
- ↑ Kohler, Chris (7 април 2010). „Q&A: Metroid Creator's Early 8-Bit Days at Nintendo“. Wired: GameLife. Condé Nast Digital. Архивирано од изворникот 25 април 2010. Посетено на 26 август 2010.