Dolerus uliginosus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dolerus uliginosus
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Dolerus
Научен назив
Dolerus uliginosus
Klug, 1814

Dolerus uliginosus — вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Главата црна, антените подолги од абдоменот. Градите црни. Крилата стаклесто провидни, жилките црни. Абдоменот црвеникавожолт, првиот и двата последни тергити на абдоменот црни. Мажјакот по обојувањето на телото и по другите надворешни белези сличен на женската форма.

Ларвите достигнуваат должина од 16-20 мм. Основната боја на главата жолта. Над очите и на челната плочка има темнокафеави дамки. Телото дорзално зеленикаво, од долната страна светлозеленикаво. Се среќаваат во текот на мај на растенијата од родот Juncus.[1]

Возрасните единки достигнуваат должина 9,5 — 10,5 мм.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на овој вид оса е Средна Европа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 85