Dolerus pratensis

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dolerus pratensis
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Dolerus
Научен назив
Dolerus pratensis
Linnaeus, 1758

Dolerus pratensis е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Главата, градите и тегулите се црни, крилата малку затемнети, жилките и стигмата црни. На предните нозе една третина од фемурот е црвена. Абдоменот е црн на двата краја, во средината од вториот до петтиот сегмент е црвен. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма.

Ларвите достигнуваат должина од 30 мм. Нивната глава со белузлав и жолт белег. На челото има кафеава дамка во форма на срп. Телото од горната страна зеленикаво, или понекогаш кафеаво. Од долната страна е светлозелено или жолтеникаво. Се среќаваат во текот на јуни и јули на растенија од родот на Equisetum.[1]

Возрасните единки достигнуваат должина од 10-12,5 мм.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на овој вид оса е Европа, Сибир, источно од Камчатка, како и високите планини на Источна Африка. Во Македонија видот се среќава во Маврово и село Рашче, Скопско.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 79