Прејди на содржината

Dianthus gracilis

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dianthus gracilis
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Tracheophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Caryophyllales
Семејство: Caryophyllaceae
Род: Dianthus
Вид: Dianthus gracilis

Dianthus gracilis — вид каранфил. Dianthus gracilis е дел од родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.[1]

Опис и распространетост

[уреди | уреди извор]

Многугодишно растение со скоро грмушеста форма, високо до 40 см, во основата силно разгрането, поради што се формираат многубројни цветни гранчиња кои се обично неразгранети. Базалните листови се околу 1 мм широки и за време на цветењето често отпаднуваат. Стеблените листови се голи, линејни, на врвот заострени, широки 1,5–3 мм, плоснати и по работ рапави. Лисниот ракавец е околу трипати подолг отколку широк. Цветовите најчесто се поединечни, поретко по два или три заедно. Чашкините лушпи се 4–6, долги од една четвртина до врвот на чашката, обратно јајцевидни, кожести, белузлави, нагло стеснети во зелен осил кој е помал, рамен или подолг од лушпата. Чашката е долга 15–20 мм. Ламината на венчето е долга 5–8 мм, во основата влакнеста, назабена, од горната страна розова или црвена, а од долната обично жолтеникава.

Најчесто расте по камењари, ендеци и меѓи во појасот на дабовите шуми до 1000 м надморска височина.[2]

Варијабилност

[уреди | уреди извор]

Видот е поделен на следниве подвидови:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World
  2. 1 2 3 4 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија Том I, св. 2. Скопје: МАНУ. стр. 371–372.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]