Прејди на содржината

Галичичко каранфилче

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Dianthus galicicae)
Галичичко каранфилче
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Каранфили
Род: Каранфил
L.
Типски вид

галичичко каранфилче
(Dianthus galicicae)

Галичичко каранфилче (Dianthus galicicae) — локален ендемичен вид растение во Националниот парк Галичица.[1]

Галичичкото каранфилче е многугодишно растение. Има стебло високо до 40 cm, глатко, светликаво, зелено.

Листовите му се кончести, широки 0,5-0,75 mm, со три жилки, здиплени или плоскави, по работ и по средната жила рапави, на врвот постепено заострени.

Цветот на галичичкото каранфилче е со голем број цветови собрани во компактна главичка широка до 20 mm; Чашката 9-10 х 1,5-1,75 mm, темнопурпурна; ламината на венчето 1,2-1,5 х 1mm, пурпурна, скоро целокрајна, покуса од чашкините запци.[2]

Екологија

[уреди | уреди извор]

По варовнички камења во монтанскиот појас.[3]

Распространување

[уреди | уреди извор]

Галичичкото каранфилче е локален ендемит. Познат само за планината Галичица, во месноста Војтина над селото Љубаништа, 1200-1300 m. (Мицевски, 1987)[4]

  1. (Dianthus galicicae ) Micevski ,Prilozi Mak.Akad.Nauk.Umetn.8(1-2).40(1990)
  2. (Dianthus galicicae ) Micevski ,Prilozi Mak.Akad.Nauk.Umetn.8(1-2).40(1990)
  3. (Dianthus galicicae ) Micevski ,Prilozi Mak.Akad.Nauk.Umetn.8(1-2).40(1990)
  4. (Dianthus galicicae ) Micevski ,Prilozi Mak.Akad.Nauk.Umetn.8(1-2).40(1990)