Прејди на содржината

Dianthus barbatus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Турски каранфил
Dianthus barbatus
Научна класификација
Домен: Eukaryota
Царство: Plantae
Оддел: Spermatophyta
Пододдел: Angiospermae
Класа: Eudicotyledonae
Ред: Caryophyllales
Семејство: Caryophyllaceae
Род: Dianthus
Вид: D. barbatus

Dianthus barbatus или турски каранфил, — вид цветно растение од семејството Caryophyllaceae, по потекло од јужна Европа и делови од Азија. Претставува популарно украсно градинарско растение. Тоа е тревесто двегодишно или краткотрајно повеќегодишно растение, високо 13–92 см, со цветови собрани во густо соцветие до 30 на врвот од стеблата. Секој цвет е со дијаметар од 2–3 cm и има пет листови со назабени рабови. Дивите растенија имаат црвени цветови со бела основа, а кај култивираните сорти боите варираат од бели, розови, црвени и виолетови до шарени комбинации.

Опис и распространетост

[уреди | уреди извор]

Dianthus barbatus расте во планините на јужна Европа, од Пиринеите источно до Карпатите и Балканот, со разновидност изолирана во североисточна Кина, Кореја и најјугоисточна Русија. Расте до висина од 13–92 cm (во зависност од сортата). Има зелени до синкаво-сивкави листови, издолжени, долги 4–10 см и широки 1–2 см. Цветовите се собрани во густо соцветие до 30 на врвот од стеблата (познато како чадор) и имаат зачинет мирис налик на каранфилче. Секој цвет е со дијаметар од 2–3 см и има пет листови со назабени рабови. Кај дивите растенија листовите на венчето се црвени со бела основа.

Во Македонија расте по тревести места и шуми во планините.[1]

Многу ретко растение. Познато само за Мавровско: Горна Радика - Торбешки Мост и Состав.[1]

Постојат два вида:

  • Dianthus barbatus var. barbatus. Јужна Европа. Листовите се пошироки, до 2 см.
  • Dianthus barbatus var. asiaticus Nakai. Североисточна Азија. Листовите се потенки, не повеќе од 1 см широки.

Одгледување и употреба

[уреди | уреди извор]
Лева рамка 
Семиња на Турски каранфил

Турскиот каранфил е популарно украсно растение во градините. Има многубројни сорти и хибриди избрани по различна боја на цветови, кои варираат од бели, розови, црвени и виолетови до шарени комбинации.

Растението било воведено во северна Европа во 16 век. Подоцна било пренесено во Северна Америка и на други места. И станало локално, а понекогаш и широко одомаќинето во овие области.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија Том I, св. 2. Скопје: МАНУ. стр. 364.
  2. Missouriplants: Dianthus barbatus Архивирано на 17 декември 2013 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]