Deviant art

Од Википедија — слободната енциклопедија
Deviant art
Податотека:DeviantArt screenshot.png
Вид претпријатиеПомошник
Вид место
Уметнички приказ/Услуга за друштвено вмрежување
Достапно наАнглиски
Основанојули 18, 2000; пред 23 години (2000-07-18)
Опслужувано подрачјеШирум свет
СоздавачДевиант Арт
Основач(и)
Матично претпр.Wix
Адресаdeviantart.com
Место на Алекса 427 (June 2020 )Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>.
КомерцијалноДа
ЗачленувањеИзборен
Пуштеноавгуст 7, 2000; пред 23 години (2000-08-07)
Тековна состојбаАктивен

ДевиантАрт — американска организација за уметници. Најпрвин е промовиранана 7 август 2000 година од страна на Енџело Сотира, Скот Џаркоф и Метју Стефанс, меѓудругите. Седиштето на ДевијантАрт коорпорацијата се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија,САД. Од февруари 2009 година оваа страна брои над 10 000 членови, над 75 милиони посетувања и околу 100,000 предлози на ден. Страната девиантарт.цом е посетена од најмалку 36 милиони посетители годишно според Цомплете.цом проучувањето за 2008 година. ДевиантАрт му пружа можност на секој уметник да се презентира себеси и да дискутира за својата работа. Сето ова е организирано преку сеопфатни категории, вклучувајќи фотографија, дигитална уметност, традиционална уметност, литература, блиц, изработка на филмови, како и поставување обвивки на апликации,.,,Фелла,, мал робот со изглед на мачка е официјаната маскота на ДевиантАрт.

Потекло[уреди | уреди извор]

ДевиантАрт официјално постои од август 2000 година когае промовиран од страна на Енџело Сотира, Скот Џаркоф и Метју Стефанс како дел од големата музичка страна наречена Дмузик Нетњорк. ДевиантАрт беше на некој начин инспирација од проекти како Winamp facelift, customize.org, deskmod.com, screenphuck.com, и skinz.org сите засновани на изработка на обвивка на мрежни места. Сите тројца промотори на овој проект ги соединија своите идеи за апликации за позадини и заедно со администратори-волонтери за галериски услуги на мрежни места како и Message Network Administration го создадоа овој проект.

Терминологија[уреди | уреди извор]

Најчесто користени термини на страната:

  • dA - општо позната кратенка за името на страната (исто така може да се сретне и како "devART" или"dART")
  • dArama - израз користен од членовите на ДевианАрт кој се однесува за или против корисници на ДевиантАрт
  • Deviant - Член на ДевиантАрт
  • Deviation - Дело во изработка со делови за усовршување поставено од корисник.
  • Print - Дело готово за нарачка.
  • Scrap - Недовршено дело за изложување.
  • +fav or fave - Кратенка за "favourite"(омилено)
  • +devWATCH - Термин корисистен за оние кои го гледале твојот профил (кои те додаваат во список на пријатели)
  • dAmn - The DeviantART Messaging Network- нови пораки на страната на DeviantART
  • Notes - Приватни пораки меѓу корисниците
  • Pasties - HTML општ кориснички код додаден на страната на корисникот преку кој се гледаат скорашните промени, фаворитите или нарачките.
  • Daily Deviation - Пријавен член од кој е импресионирана организацијата и кој се смета за почестен во заедницата, исто така познат и како DD.

Галерија[уреди | уреди извор]

Од ноември 2007 година корисниците имаат можност за создавање на папки. Преку овие папки ДевиантАрт корисниците имаат можност за ја уредуваат својата галерија. Овие папки жмозат да содржат девијации од најразлични категории и стилови.

Фаворити[уреди | уреди извор]

Секој од корисниците може да додаде девијација од друг корисник во своите фаворити.Сите корисници можат да ги разгледуваат и да даваат свое излагање. Папките можат да се создаваат во одделот Омилени, внесувајќи име на папката и приложената девијација и организирајќи ги своите фаворити. Поново додадената алатка ("Collection") овозможува кликнување и влечење на девијацита до саканата папка. Со другата нова алатка им се овозможува на корисниците преку врска од главнната линија со алтаки да ги разгледуваат останатите Збирки (Collections).

ДевиантВач (DeviantWatch)[уреди | уреди извор]

Корисниците можат да го додадат секој корисник на листата за гледање наречена DeviantWatch (ДевиантВач), освен ако гледачот не е блокиран од корисникот одбран за гледање. Со оваа опција корисникот е информиран секој пат кога некој закачува ново дело, нов настан или скорашни вести во врска со артиклите. Овие нотификации можат да се најдат на списокот на пријатели ('Friends List') каде што девијантите имаат можност да ги групираат или отстрануваат девијантите за гледање како и да ги класифицираа пријателите. Оние кои се селектирани како пријатели се прикажани во мала табела на профилот од корисникот.

Центар за пораки[уреди | уреди извор]

Постојат три основни врски за девијантот, тие меѓудругите се,,deviation/s," "message/s," или"note/s,, Со кликнување на линкот "deviation,, корисникот влегува на стрната на новопоставените девијации од оние кои тој ги гледал. Ова е еден од трите делови познат как "message centre" (центар за пораки). По читањето на пораките од корисникот тие се обезежани како"read" (веќе прочитани). Исто така, на оваа страна се наоѓаат и опциите "Delete all..."(избриши ги сите) "Select all"(селектирај ги сите).

Нови артикли[уреди | уреди извор]

Корисниците можат да поставуваат нови артикли преку кои ќе информираат за нови интересни настани, надворешни врски дури и колекции на нови уметнички дела кои сакат да ги постават.ДевиантАрт ги класифицира настаните кои веќе не се нови и тие се внесуваат во личниот журнал на корисникот. Кога се поставува нов артикал секој корисник е информиран преку својот Message Centre (центар за пораки). Постовите ос администраторот се закачени на ѕидот на профилот од секој корисник.

Форуми[уреди | уреди извор]

ДевијантАрт има цел серијал на форуми. Некои од нив се поопшти како Deviants forum (Форумот на Девијанти) каде се водат општи дискусии кои не се совпаѓаат во останатите форуми. Некои пак, како DeviantART Status Forum (ДевијантАрт Статус Форум) е ограничен сите други освен за администратор. Постојат исто така, специфилни форуми како Beta Tester Feedback Forum и ThumbShare Forum (за делење на кратки описи).

AdCast[уреди | уреди извор]

АdCast е програм за рекламирање и презентирање на сличи содржини, страни и производи во потесна врска со ДевијантАрт.

Претплата[уреди | уреди извор]

ДевијантАрт нуди зачленување со претплата за екстра алатки и привилегии. Ова овозможува прилагодувања од страна на корисничкиот профил, вклучувајќи и ставање на каскадни стилски табели во својот журнал. Исто така, постои и deviantMOBILE алатка која овозможува пренесување на мобилен телефон, потоа beta testing алатката која овозможува прватност на форумите за оние кои веќе се членови. Со овие алатки се овозможува и пребарување на 120 страни на различни уметнички дела. Претпалтничката услуга т.н. портфолио-страна("portfolio page") која сѐ уште е во изработка ќе им овозможи на корисниците усовршена професионална изработка на стандардна галерија на својата портфолио-страна. Која што освен професионалниот изглед ќе нуди и можност за нејзино презентирање од 3 месеци до 1 година во зависнот од претплатата на корисникот.

ДевијантАрт Продавница[уреди | уреди извор]

Оваа алатка овозможува штампање на оригинали ДевијантАрт дела. Годишната корисничка претплата изнесува $24.95. За корисник кој нема стандардна сметка за штампање добива $0.32, за 4x6s. Prints II (штампање 2), е најновата услуга на системот која стартуваше од ноември 2006 година. Оваа алтака овозможува основна сметка за штампање за сите членови, вклучува нови производи како маици и слично, како и годишна членарина.

ДевијантАрт Мрежа за пораки[уреди | уреди извор]

DeviantART Messaging Network е имплементирачки систем за разговори вметнат во DeviantART 4та верзија, која излезе на 7 август 2004 година. Таа се заснова на протокол услуги и апликација на опслужувач за разговори, како Internet Relay Chat којшто не е компатибилен со останатите системи за разговори. Клиентот треба да поседува една од апликациите Flash или Java или пак, Mozilla додатокот за серверска комуникација во сооднос со JavaScript кој ги зачувува пораките. Постојат официјални,,соби,, за разговори на ДевијантАрт, интервјуа со уметници, канали со нови настани и слично.

SitBack[уреди | уреди извор]

Најновата SitBack алатка на ДевијантАрт претставува слајд-шоу апликација која функционира од 5 ноември 2008 година, која им овозможува на корисниците да ги разгледуваат сликите во форма на слајд-шоу. Оваа алтка исто така, овозможува и crossfade промени, изработка на табели, keyboard shortcuts како и размени на URL. Моментално не овозможува приказ на филмови, литература и ДевијантВач вметнувања.

Напредок[уреди | уреди извор]

Од 14 ноември 2006 година, ДевијантАрт им овозможува на своите корисници да ги стават своите дела под лиценца на Creative Commons licenses каде што ќе им биде овозможено да избираат каде нивните дела ќе бидат поставени и користени. На 30 септември 2007 година во ДевијантАрт беше поставена и филмска категорија каде што корисниците ќе можат да внесуваат свои видео снимки.

Верзии[уреди | уреди извор]

ДевијантАрт со своите преправки и дополнувања имаше можност да напредува со повеќе свои верзии. По 2та верзија, идните нови верзии секоја година почнаа да излегуваат на роденденот на ово мрежно место, 7 август сè до сегашната најнова 6та верзија. Верзија 2, излезена на 5 февруари 2002 година.

симбол тип на корисник опис
~ член регистриран корисник
* претплатник член кој е претплатен A user who has paid for a subscription
= Official Beta Tester претплатник кој учествува во пробната програма за тестирање
` сениор член препознатлив член по своето позитивно партиципирање на страната на ДевијантАрт и исто така, е Девијант веќе подолго време.
° алумни-работник новоформиран активен член во работата
£ "Minister" на DeviantART summitgroup, dAPresents, prints-products Архивирано на 27 јули 2013 г., and deviantWEAR кои се едниствени моментални Министери.Овој симбол е искористен од 1 Април-денот на шегата, во 2004 година, кога британски членови го поставија симболот за банирање веднаш до нивното име при што како повратно го добија £ симболот [1]
@ Message Network Administrator администратори на DeviantART Message Network (dAmn), fфоруми, и "shoutbox".
¢ Creative Staff одговерен за уметнички творби на мрежната страница, некои од членовите се консултанти consultants.
^ Gallery Moderator членови волонтери за уредување на категоријата Галерија на ДевијантАрт (пр.фотографија, анимација, забавни слики).
$ Core Administrator вработените во ДевијантАрт, одговорни за IT развој на страната, членови-волонтери, помагатели на мрежната страница,заштитници на права на копирање, администратори.
! Banned or Closed Account (банирана или затворена сметка) сметката се банира по еден месец некористење, банираните членови имаат пристап до своите пораки и можат да се логираат, но не можзат да изложуваат дела или да додаваат фаворити.
© Copyright & Etiquette Administration Staff одговорни за банирање корисници, отстранување на уметничките дела и етикетирање.
% DeviantART Prints Team одговорни за штанпање како и контрола на оригиналост и квалитет.
+ General Staff корисници од најразлични места кои се нови администратори за програмирање/кодирање општо.

ДевијантАрт Самит[уреди | уреди извор]

На 17ти и 18ти јуни 2005 година ДевијантАрт ја одржа својата прва конференција, ДевијантАрт Самит во Паладиум, Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Самитот се состоеше од неколу изложби на Девијант Артистите кои поставуваа 50 000 нови слики на ден. Самитот гостуваше и на различни семинари и работилници. водачите на ДевијантАрт продолжија традиционално со овој самит секоја година, но за самитот во 2006 година немаше претходна организација ова можеби се случи како резултат на недостог од интерес, материјани средста или немање на локација. Но, и покрај овие големи причини сепак мал процент од популацијата на ДевијантАрт зема присуство на овој самит. Идни планови за повторно одржување на овој самит сѐ уште не се објавени.

Критика[уреди | уреди извор]

Проблеми со право на копирање и лиценцирање

Не постои прегледност на копирање и Creative Commons и улога на правото за лиценцирање кога делото е доставено до ДевијантАрт и не постојат известувања од страна на администраторот за кршење на правото за копирање.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „April Fools: The British own DeviantART.com“. 2004-04-01. Архивирано од изворникот на 2007-03-04. Посетено на 2007-12-26.