Дебарско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дебарско Езеро
Шпилје
Дебарско Езеро Шпилје - Поглед на Дебарското Езеро и градот Дебар.
Дебарско Езеро
Шпилје - Поглед на Дебарското Езеро и градот Дебар.
Поглед на Дебарското Езеро и градот Дебар.
Координати 41°30′02″N 20°31′10″E / 41.50056° СГШ; 20.51944° ИГД / 41.50056; 20.51944Координати: 41°30′02″N 20°31′10″E / 41.50056° СГШ; 20.51944° ИГД / 41.50056; 20.51944
Вид вештачко
Главен дотек Црн Дрим
Главен истек Црн Дрим
Земји во сливот Македонија Македонија
Површина 13,2 км²
Најг. длабочина 94 м

Дебарско Езеро или Шпиљевештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост. Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км², 92 м длабочина и надморска височина од 580 м. Се користи како акумулација за ХЕ „Шпиље“.[1]

Езерото е создадено со подигање на брана во висина од 102 м, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година.

Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија. Вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода.

Температурата на езерската вода изнесува околу 14.4°С, минималната се спушта на 3.0°С, а максималната до 23.9°С. Прозирноста на водата се движи од 4.4 м во средишниот дел, до 2.5 м во крајбрежјето.[2]

Недалеку од источниот брег на езерото се наоѓа Дебарскиот Остров, сместен околу 1 км северозападно од селото Праленик.[3]

Галерија

Наводи

  1. Никодиновски, Борис (2000). Основи на воената географија на Република Македонија - Едиција учебници. Скопје: Нико Компјутери.
  2. Рибар - Дебарско езеро
  3. Местоположба на Дебарскиот Остров - ВикиМапија

Надворешни врски

Предлошка:Никулец за езеро