Прејди на содржината

Cynoglossum

Од Википедија — слободната енциклопедија
Cynoglossum
Cynoglossum officinale
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Лисичинковидни
Семејство: Лисичинки
Потсемејство: Boraginoideae
Род: Cynoglossum
L. (1753)
Типски вид
Cynoglossum officinale
L.
Синоними[1]
  • Mapuchea Serrano, R.Carbajal & S.Ortiz (2016)
  • Paracynoglossum Popov (1953)
  • Pardoglossum E.Barbier & Mathez (1973)

Cynoglossumрод на растенија со мали цветови од семејството Boraginaceae. Вклучува 81 вид домороден во Евроазија, Африка, Нова Гвинеја и Австралија.[1]

Cynoglossum officinale е автохтон во Азија, Африка и Европа. Внесен е во Северна Америка и се смета за проблематичен плевел бидејќи неговите чички се лепат за волната на овците и на други животни. Тој исто така е токсичен за говедата и другите животни што пасат поради присуството на пиролизидински алкалоиди, кои кога се проголтани можат да доведат до оштетување на црниот дроб и фотосензитивност кај добитокот.[2]

Cynoglossum се едногодишни, двегодишни или повеќегодишни тревести растенија. Листовите им се наизменични, ланцетни. Базалните листови се со подолги дршки. Стеблените листови се со куси дршки или приседнати, често делумно го опфаќаат стеблото. Цветовите обично се без брактеи, собрани во двојни срповидни соцветија. Чашката e петделна, всечена речиси до основата, при образување на плодот малку се зголемува. Венчето е сино, темносино, црвено, црвено-виолетово или виолетово, поретко белузлаво, петделно со куса, цилиндрична или инковидна трубичка и со чиниесто (дисковидно) проширен дел, со 5 лушпи во отворот на венечната трубичка. Има пет прашници, затворени во венечната трубичка. Столпчето eсо главичест жиг. Плодот се распаѓа на 4 едносемени јајцевидни или речиси топчести оревчиња, чија надворешна страна може да биде испупчена или пак сплескана или слабо вдлабната, со задебелен раб.[3]

До јули 2024 година имало 81 прифатен вид од овој род:[1]

  1. 1 2 3 Cynoglossum L.“. Plants of the World Online. Royal Botanic Gardens, Kew. Посетено на 18 July 2024.
  2. Smith Thomas, Heather. „Why photosensitivity in cattle can be a serious problem“. BEEF Magazine. BEEF Magazine. Посетено на June 24, 2025.
  3. Матевски, Владо (2010). ФЛОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (PDF). Скопје: МАНУ. стр. 167-168. ISBN 978-608-203-052-4. Посетено на 10 април 2026. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]