Качунки
Качунка | |
---|---|
Crocus sativus | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Надоддел: | Семеници |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Перуники |
Потсемејство: | Качунки |
Род: | Качунки L. |
Типски вид | |
Crocus sativus L. | |
Видови | |
Во текстот. |
Качунки (науч. Crocus) — род растенија кој обединува многугодишни тревести растенија од семејството на перуниките (Iridaceae). Видовите од овој род се распространети од источното Средоземје до средна Азија.
Распространување
[уреди | уреди извор]Ареалот го вклучува Средоземјето (особено јужна Европа и северна Африка), средна Европа, Мала Азија, Блискиот Исток и средна Азија сè до западна Кина, при што се среќаваат во различни биотопи - степи, ливади (меѓу кои и високопланински) и шуми.
За претставниците од овој род се потребни отворени сончеви станишта и пропуслива почва.
Опис
[уреди | уреди извор]Луковицата е 3 см во пречник, округла или плосната, облечена во лушпи.
Стебло не се развива.
Листовите се линејни, се појавуваат за време или по цветањето.
Цветовите се единечни, понекогаш 2-3 од една луковица, опкружени со мембранозни лушпи. Околуцветникот е голем, во вид на долга инка, венчето се состои од 6 дела кои преминуваат во долга цилиндрична трубичка. Прашниците се прикачени за вратот на околуцветникот и се пократки од него; прашничките филаменти се кратки; антерите се исправени, линеарни, обично подолги од филаментите. Столпчето е нишковидно со три жига.
Плодовите се од типот на триделни кутијки; семињата се мали и зааглени.
Периодот на цветање е од пролет до есен (кај различните видови).
Според бојата на цветовите, качунките се делат на две групи: жолтоцветни (со жолта до портокалова боја) и синоцветни (со светлолилјакова до темновиолетова боја); се среќаваат и албино форми - почесто кај синоцветните, а поретко кај жолтоцветните.
Систематика
[уреди | уреди извор]- Подрод Crocus
- Секција Crocus
- Серија Verni
- Серија Scardici
- Серија Versicolores
- Серија Longiflori
- Crocus longiflorus, Crocus nudiflorus, Crocus serotinus, Crocus niveus, Crocus goulimyi, Crocus ligusticus** (syn. Crocus medius hort, non Balbis) (Mariotti, 1988)
- Серија Kotschyani
- Серија Crocus
- Crocus sativus, Crocus pallasii, Crocus thomasii, Crocus cartwrightianus, Crocus moabiticus, Crocus oreocreticus, Crocus asumaniae, Crocus hadriaticus, Crocus mathewii* (Kerndorff & Pasche, 1994), Crocus naqabensis* (Al-Eisawi, 2001)
- Секција Nudiscapus
- Серија Reticulati
- Crocus reticulatus, Crocus veluchensis, Crocus cvijicii, Crocus dalmaticus, Crocus sieberi, Crocus robertianus, Crocus cancellatus, Crocus hermoneus, Crocus abantensis, Crocus angustifolius, Crocus ancyrensis, Crocus gargaricus, Crocus sieheanus, Crocus rujanensis* (Randjelović & al., 1990), Crocus herbertii* (B.Matthew, 2009)
- Серија Biflori
- Crocus biflorus, Crocus chrysanthus, Crocus almehensis, Crocus danfordiae, Crocus pestalozzae, Crocus aerius, Crocus cyprius, Crocus hartmannianus, Crocus adanensis, Crocus leichtlinii, Crocus caspius, Crocus kerndorffiorum* (Pasche, 1993), Crocus wattiorum* (Mathew, 1995; 2000), Crocus nerimaniae* (Yüzbasioglu & Varol, 2004)
- Серија Orientales
- Серија Flavi
- Crocus flavus, Crocus antalyensis, Crocus olivieri, Crocus candidus, Crocus vitellinus, Crocus graveolens, Crocus hyemalis, Crocus paschei* (Kerndorff, 1993)
- Серија Aleppici
- Серија Carpetani
- Серија Intertexti
- Серија Speciosi
- Серија Laevigati
- Серија Reticulati
- Секција Crocus
- Подрод Crociris