Corydalis marshalliana
| Corydalis marshalliana | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Corydalis |
| Вид: | Corydalis marshalliana |
| Научен назив | |
| Corydalis marshalliana | |
| Синоними | |
| |
Corydalis ochroleuca — вид цветно растение од семејството афиони. Тесно е поврзан вид со C. bulbosa, пештерски корен, од Балканот, Крим, Кавказ и северозападен Иран, меѓу другите. Се карактеризира со целосно овални до елиптични лобуси на листовите, но поради неговата широка распространетост, се јавуваат и други форми на листовите поблиски до C. bulbosa. [1]
Опис
[уреди | уреди извор]Corydalis ochroleuca е повеќегодишно растение, високо до 40 см, во основата со топчеста или издолжена грутка која има должина 2-3 см. Стеблото е единечно, неразгрането, круглесто, голо, во основата многу тенко. Листовите се два на број и се наоѓаат во горниот дел или во средината на стеблото и тие се наизменични, голи, со долги дршки, 2-3 пати перести, или 2-3 пати тројни. Крајните сегменти се ланцетовидни или елиптично ланцетни, страничните целокрајни, а средните целокрајни или всечени на три дела понекогаш скоро до основата а сегментите се долги 20-40 mm. Прицветните листови се елиптични, на врвот и во основата се стеснети, целокрајни и подолги од дршката на цветот.
Цветовите се собрани во издолжено соцветие и се во голем број. Цветните дршки се вертикални или слабо расперени со должина од 3-5 mm. Цветовите се бледожолти, поретко розови, 20-25 mm долги, хоризонтално поставени. Чашкижшите ливчиња се многу мали, со должина до 1 мм, назабени и остануваат на цветот. Венечните ливчиња се четири со бледожолта боја, горното венечно ливче во предниот дел е проширено, проширениот дел свиен нагоре и често бледорозов, а задниот дел издолжен во една прилично долга шпора (до 12 mm) која на врвот е слабо кукасто свиткана. Долното венечно ливче на врвот е проширено, често бледорозово, во основата слабо торбесто подуено.
Плодот е кутијка, долга до 15 mm, на двата краја е заострена и се отвора со две странични капачиња. Семките се долги околу 3 mm долги, црни, глатки, светликави. Плодните дршки се долги 5-7 mm..[2]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Corydalis ochroleuca е распространето по различни грмушести области, по дабови и букови шуми. Тоа е многу често растение. Се среќава во околината на Скопје - Водно, Китка, Скопска Црна Гора, Прилеп, Крушево, Јакупица, Бистра, Серта, Плавуш, Кожуф, Смрдлива Вода, Беласица, Баба, Галичица, Жеденска Клисура, Таорска Клисура, клисурата на река Пчиња итн.
Се посочува за Бабуна, Маврово Кожа, Дојран, Валандово и Мајден, Крива Паланка, Штип, клисурата на река Радика, долината на Црна Река, Ниџе, Велес.[2].[б 1]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Сите податоци кои се однесуваат за С. bulbosa (L.) DC (односно C. cava (L.) Schw, et Erlang.) се однесуваат и за C. marschalliana, бидејќи се смета дека С. bulbosa го нема во Македонија. Интересно е дека во изданието на Analitička flora Jugoslavije за Македонија се наведува Bulbocapnos bulbosa (L.) Trinajstić (Syn.: Со-rydalis bulbosa), а не С. marschallianа, кој инаку е многу чест во голем број флористички дела за Македонија.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Corydalis marschalliana“. www.nijssenbulbs.com. Посетено на 06.03.2026. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - 1 2 3 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I св.2. Скопје: Македонска академија за науките и уметностите. стр. 169-170.
|