Corpse Husband

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Corpse е роден на 8 август 1997 година во Сан Диего, Калифорнија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2015 година,Corpse ја започнал својата кариера на Јутјуб со раскажување на хорор приказни на неговиот канал, што го правел 5 години последователно до 2020 година. Тој тогаш го имал своето музичко деби во 2016 година, учестувајќи се на синглот „Grim Grinning Ghost“ од The Living Tombstone & Crusher P.

Во јуни 2020 година, Corpse го издал својот деби сингл „Miss You!“, кој се искачил на 31-то место на топ списокот на Hot Rock & Alternative Songs.[1] Неговиот следен сингл „White Tee“, кој бил објавен во истиот месец, достигнал до 32 место. Во септември 2020 година, Corpse започнал да пренесува и создава содржини на видео играта Among Us,[2] што му донело големо признание, и оттогаш тој добил над 7 милиони претплатници на YouTube.[3] Истиот месец, тој го издал синглот „E-Girls Are Ruining My Life!“, во кој учествувал раперот Savage Ga$p, кој остварил најголем комерцијален успех за Corpse во 2020 година, на 28 место во Бугарија, 90 на Велика Британија Синглс табелата, и 24 во Билборд. Исто така достигнал повеќе од 100 милиони стримови на Spotify, и бил рангиран на 2 место на списокот за вирални песни од 50 на Spotify [4]

Во октомври 2020 година, тој работел со претставниците на САД, Александрија Окасио-Кортез и Илхан Омар, заедно со неколку други значајни стримери, на сесијата на Among us како дел од иницијативата за излез од гласање за 2020 година за Претседателски избори во САД.[5][6] Исто така, во октомври, тој го издал синглот „Agoraphobic“, кој дебитираше на 21 место на табелата „Хот рок & алтернативни песни“, 4 месеци подоцна.[1]

Во март 2021 година,Corpse се најде во песната на Машин Ган Кели, „DayWalker“.

Corpse е хронично болен,[7] и има состојби како што се фибромијалгија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Peaks in the Hot Rock & Alternative Songs chart:
  2. D'Amico, Tori (October 29, 2020). „Corpse Husband gains an imageless online success“. ramaponews. Архивирано од изворникот на November 9, 2020. Посетено на November 9, 2020.
  3. „Corpse Husband Hits 5M YouTube Subs Riding Among Us Popularity“. Game Rant (англиски). November 22, 2020. Посетено на December 1, 2020.
  4. „Who is Corpse Husband?“. AfterBuzz TV Network (англиски). November 12, 2020. Архивирано од изворникот на 2020-12-02. Посетено на December 1, 2020.
  5. Dodgson, Lindsay. „Meet Corpse Husband, the anonymous YouTuber with an unbelievably-low voice who gamed with AOC“. Insider. Посетено на December 1, 2020.
  6. Didymus, John Thomas (October 29, 2020). „Corpse Husband: Who is faceless YouTuber streaming Among Us with Pewdiepie and others today?“. Monsters and Critics (англиски). Архивирано од изворникот на November 9, 2020. Посетено на November 9, 2020.
  7. World, Republic. „YouTuber Corpse Husband admits to struggling with chronic illness: 'Gets overwhelming'. Republic World (англиски). Посетено на January 15, 2021.