Convolvulus lineatus
| Convolvulus lineatus | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Convolvulus |
| Вид: | Convolvulus lineatus |
| Научен назив | |
| Convolvulus lineatus L. | |
| Синоними | |
Convolvulus lineatus — вид на повеќегодишна билка од семејството Convolvulaceae. Тие имаат самоодржлива форма на раст и едноставни, широки листови. Некои единки можат да пораснат до 25 см во височина.[1][2]
Опис
[уреди | уреди извор]Convolvulus lineatus е повеќегодишно растение, чии презимувачки пупки се на ниво на почвата, и се карактеризира со дрвенести делови и нискорастечки, заоблени тревни стебла. Типично расте до висина од 25 см. Растението се размножува вегетативно преку ризоми (подземни стебла), што му овозможува да се шири во непосредна близина.
Листовите се линеарни до елиптични или во форма на лажица со најширокиот дел кон врвот, и со изразито сребрено-свиленкасти влакна) на обете страни, што му дава на растението карактеристичен сребрен изглед. Цветовите се во форма на инка, и е забележано дека машките репродуктивни делови созреваат пред женските делови, механизам што го поттикнува вкрстеното опрашување.
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Convolvulus lineatus има широк географски опсег: Северна Африка, Јужна Европа, Турција, Кавказ, Сирија, Иран и источно до Туркменистан. На Кипар, растението е ограничено на полуостровот Акротири, каде што расте првенствено јужно од Соленото Езеро Акротири (исто така познато како Лимасолско Солено Езеро), со расфрлани единки регистрирани низ целата област на селото Акротири.
Во Македонија, расте по суви тревести места, по брдските пасишта, на засолени почви и палеогени лапори. Познат за околината на Свети Николе – Овче Поле, Богословец, и село Делисинци.[3]
Екологија на опрашување
[уреди | уреди извор]Студиите на C. lineatus имаат документирано разни инсекти кои ги посетуваат овие цветови, првенствено бубачки (тврдокрилци), пчели и оси (ципокрилци). Овие инсекти се хранат со поленот на растението и, за време на нивните движења, го пренесуваат поленот од прашниците до стигмите, потенцијално служејќи како опрашувачи
Заштитен статус
[уреди | уреди извор]Convolvulus lineatus е класифициран како ранлив (VU) според Црвената книга на флората на Кипар, што укажува дека се соочува со висок ризик од истребување во дивината. Примарните закани за овој вид вклучуваат неконтролиран пристап до неговото живеалиште, урбан развој и расчистување на вегетацијата покрај патиштата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Convolvulus lineatus L. - Encyclopedia of Life“. eol.org. Посетено на 2022-02-04.
- ↑ Mifsud, Stephen (2002-08-23). „Convolvulus lineatus (Narrow-leaved bindweed) : MaltaWildPlants.com - the online Flora of the Maltese Islands“. www.maltawildplants.com (англиски). Посетено на 2022-02-15.
- ↑ Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 70-71, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
|