Convolvulus holosericeus
| Convolvulus holosericeus | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Оддел: | Tracheophyta |
| Класа: | Magnoliopsida |
| Ред: | Solanales |
| Семејство: | Convolvulaceae |
| Род: | Convolvulus |
| Вид: | Convolvulus holosericeus |
Convolvulus holosericeus е вид од семејството повивки. Convolvulus holosericeus е дел од родот Convolvulus и семејството повивки.[1] Прв го опишал M.Bieb.
Подвидови
[уреди | уреди извор]Видот е поделен на следниве подвидови:
- C. h. holosericeus
- C. h. macrocalycinus
Опис
[уреди | уреди извор]Повеќегодишно тревесто растение. Стеблото во основата задрвенето, со бројни прилегнати или вертикално исправени гранчиња, долги 6–30 cм, препокриени со густи прилегнати сивкаво-свилести влакненца. Листовите линејни, ланцетни или линејно-лопатовидни, долги 15–45 мм, 2–6 мм широки, во основата стеснети, приседнати, целокрајни, од двете страни густо препокриени со прилегнати свилести влакненца; долните листови се со поголеми димензии и најчесто имаат издолжено-лопатовидна форма. Цветовите поединечни или по два во врвниот дел од стебленцето или во пазувите на листовите; цветните дршки најчесто покуси, ретко еднакви на пазувните листови. Чашкините ливчиња нееднакви, препокриени со прилегнати свилести влакненца, а надворешните чашкини ливчиња широко јајцевидни или елиптични, во основата срцевидни, а кај врвот зашилени, грбесто испакнати, 10–13 мм долги, 5–10 мм широки. Внатрешните чашкини ливчиња обло елиптични, во врвот со издолжено шилче, по рабовите ципести, со помали димензии. Венчето 20–30 мм во должина, широко инковидно, бело, жолтеникаво, поретко бледорозово, од надворешната страна со 5 надолжни влакнести пруги. Прашниците двапати покуси од венчето. Плодникот влакнест, со влакнесто столпче и два жига. Плодот влакнеста јајцевидна кутијка, 5–8 мм долга, околу 5 мм широка со 1–2 семки. Семките темнокафеави, со густи, куси влакненца.[2]
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Расте по брдските пасишта во степовидното подрачје на Македонија, и на висини од 140–700 м. Се посочува за Куманово, с. Кучкарево, Велес, Градско, с. Уланци, с. Мушанци, Неготино, Криволак, Стоби, Овче Поле, Штипско, Струмичко, и Галичица.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
„Convolvulus holosericeus“ на Викивидовите ?
|