Convolvulus compactus
| Convolvulus compactus | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Оддел: | Tracheophyta |
| Класа: | Magnoliopsida |
| Ред: | Solanales |
| Семејство: | Convolvulaceae |
| Род: | Convolvulus |
| Вид: | Convolvulus compactus |
Convolvulus compactus е вид на повивка опишана од Пјер Едмон Боасје. Convolvulus compactus е член на родот повивка и семејството повивки.
Опис и распостранетост
[уреди | уреди извор]Повеќгодишно тревесто растение препокриено со густи, прилегнати свиленкасти влакна, со задрвенето разгрането стебло и со густо збиени гранчиња, долги до 10 см, кои формираат перничести форми. Листовите целокрајни издолжено-лопатовидни, густо препокриени со куси прилегнати сребреникаво свиленкасти влакненца. Цветовите поединечни со куси дршки или по 2–4 во врвниот дел на гранчињата; прицветните листови линејни или линејно-ланцетни. Чашкините ливчиња нееднакви, препокриени со густи прилегнати куси свилести влакненца и со стрчести или полуприлегнати долги влакна; надворешните чашкини ливчиња јајцевидни, елиптични или ромбоидни, во врвниот дел постепено зашилени, 9–10 мм долги, до 5 мм широки, а внатрешните чашкини ливчиња обратнојајцевидни или елиптични, со широк ципест раб, во врвниот дел наеднаш затеснети и издолжени во долг шилест врв.[1]
Расте по брдските пасишта, на серпентински камењари, од 150-600 метри.[1]
Во Македонија го има во Жеденска Клисура, село Рашче, село Радуша и кон село Рогачево, Таорска Клисура. Се посочува за Јажинце, Велес, Влахчани.[1]
Галерија со слики
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
„Convolvulus compactus“ на Ризницата ? 
„Convolvulus compactus“ на Викивидовите ?
|