Белешки за Галската војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Commentarii de bello Gallico)
Прејди на: содржини, барај
„Белешки за Галската војна“  
An 18th century edition
Издание од XVIII век
Автор Гај Јулиј Цезар, Авел Хирциј (VIII)
Наслов на
оригиналот
Commentarii de bello Gallico
Јазик класичен латински
Предмет(и) историја, етнографија, воена историја
Жанр(ови) публицистика
Издавач Гај Јулиј Цезар
Издадена 50-та и 40-та п.н.е.?
Следна Commentarii de Bello Civili

Белешки за Галската војна (латински: Commentarii de bello Gallico) — текст што во 50-те и 40-те години п.н.е. го напишал римскиот воjсководец и државник Гај Јулиј Цезар за да го опише сопственото освојување на ГалијаГалската војна.

Технички опис[уреди | уреди извор]

Текстот се состои од осум книги[1] и е напишан во трето лице. Се смета за едно од најпознатите и најцитираните дела на римската книжевност, односно како најпознати воени мемоари во историјата на човештвото. Поради елегантниот, но едноставен прозен стил, „Белешки за Галската војна“ со векови се користи во образовни цели, односно за што полесно запознавање на учениците со латинскиот јазик.

Мотив за пишување[уреди | уреди извор]

Иако главен мотив за пишување на Цезар му била политичката пропаганда, односно настојувањето да ги оправда своите постапки во Галија пред римската јавност и да се пофали со своите спектакуларни воени успеси, пва дечп се смета за еден од највредните пишани извори за античката историја, особено кога во прашање се подрачјата на северозападна Европа. Цезар е првиот автор кој детално ги опишал тамошните народи и нивниот начин на живеење, а неговата книга е единствениот колку-толку веродостоен извор за предримска Галија, односно со овие текстови започнува и пишуваната историја на Британија. Исто така, книгата се смета за една од првите етнолошки студии во историјата.

Се претпоставува дека Цезар не ја довршил книгата сам, односно дека поради зафатеност со граѓанската војна, напишал само седум книги; осмата ја довршил неговиот помошник Авел Хирциј.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор
Викиизворот на латински има изворна содржина поврзана со оваа статија:

Наводи[уреди | уреди извор]