Coldplay
Coldplay | |
---|---|
Coldplay во 2009 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лондон, Обединетото Кралство |
Жанрови | алтернативен рок, пост-британскирок[1][2] |
Период на активност | 1996–сегашност |
Издавачи | EMI, Parlophone, Capitol, Fierce Panda, Republic[3] |
Соработници | Apparatjik |
Мреж. место | coldplay.com |
Членови | |
Крис Мартин Џони Бакленд Гај Беримен Вил Чемпион |
Coldplay е британски рок бенд формиран во Лондон во 1996 година. Групата ја основале пејачот Крис Мартин и гитаристот Џони Бакланд под името Big Fat Noises а потоа и Starfish. Подоцна на групата ѝ се приклучиле Гај Бериман и Вил Чемпион. Менаџерот Фил Харви често се смета за нивен неофицијален петти член.[4] Бендот го променил името во Coldplay во 1998 година.[5]
Тие постигнале светска слава по издавањето на албумот Parachutes (2000) на кој се наоѓала песната "Yellow". Албумот ја добил наградата „Албум на годината“ на Британските музички награди, Греми награда за „Најдобар албум со алтернативна музика“, а бил номиниран и за Меркјури награда. Вториот албум на бендот, A Rush of Blood to the Head (2002), бил издаден со позитивна критика и има освоено повеќе награди, вклучувајќи ја и Албум на годината. Тие, исто така ќе се најдат на врвот на анкетата на ББС Радио 2 за омилен албум на сите времиња. Нивниот следен албум, X&Y, е најдобро продаваниот албум во светот за 2005 година и беше пречекан со најмногу позитивни критики по неговото пуштање во продажба, иако некои критичари сметаа дека е инфериорен во однос на својот претходник.Четвртиот студиски албум на бендот, Viva la Vida or Death and All His Friends (2008), беше продуциран од Брајан Ино и повторно доби голема мера позитивни критики, заработувајќи неколку Греми номинации и победи на 51те Греми награди. На 24 октомври 2011 година, тие го издадоа својот петти студиски албум, Mylo Xyloto, кој доби мешани и позитивни критики и беше на врвот на топ листите во повеќе од 34 земји и беше најдобро продаван рок албум во Велика Британија за 2011 година.
Бендот има освоено голем број на музички награди во текот на нивната кариера, вклучувајќи осум Brit Awards- трипати за најдобар британски бенд, пет MTV Video Music Awards, и седум Греми награди од дваесет и пет номинации. Coldplay имаат продадено над 60 милиони плочи низ целиот свет. Во декември 2009, читателите на Rolling Stone гласаа за групата како четврт најдобар уметник на 2000-тите.
Coldplay биле активни поддржувачи на различни социјални и политички настани, како кампањата за Oxfam's Make Trade Fair и Amnesty International. Групата, исто така, има настапувано на разни добротворни проекти, како што се Band Aid 20, Live 8, Sound Relief, Hope for Haiti Now, The Secret Policeman's Ball и Teenage Cancer Trust.
Историја
[уреди | уреди извор]Формирање и почетоците (1996–99)
[уреди | уреди извор]Крис Мартин и Џони Бакланд првпат се сретнале за време на нивната недела на ориентација на универзитетот во Лондон (UCL) во септември 1996 година.[6] Двајцата го поминале остатокот од годината на универзитет планирајќи да оформат бенд, што резултирало со формирање на групата наречена Pectoralz.[7] Гај Бериман, соученик на Мартин и Бакланд, подоцна се приклучил на групата.[8] До 1997 година, групата, која целосно се преименувала во Starfish, изведувала свирки за локалните промотори во мали клубови. Мартин, исто така, го имаше регрутирано неговиот долгогодишен пријател Фил Харви, кој студирал класици на универзитетот во Оксфорд, за да биде менаџер на бендот.
Coldplay оттогаш го прифатиле Харви како петти член на групата. Бендот се комплетирал кога Вил Чемпион се приклучил на тапани.[9] Чемпион израснал свирејќи на пијано, гитара, бас, и калај свирче. Тој брзо научил да свири на тапани (и покрај тоа што немал претходно искуство). Бендот конечно решил за името "Coldplay", кое беше предложен од страна на Тим Кромтон, локален студент кој го употребувал името за неговата група.[10] До 1997 година, Мартин, се сретнал со студентот по класици Тим Рајс-Оксли. За време на викендот на Вирџинија, тие си побарале еден од друг да изведуваат песните на пијано. Мартин, кој видел дека Рајс-Оксли е талентиран, побарал од него да биде клавијатурист на Колдплеј, но Рајс-Оксли одбил бидејќи неговиот бенд Keane, веќе бил активен. Деновите по овој настан ќе ја задржат состојбата во Coldplay непроменета, оставајќи ги и двата бенда како квартети.
Во 1998 година, бендот издал 500 примероци од независно EP, Safety.[11] Повеќето од дисковите биле дадени на издавачките куќи и пријателите.[12] Само 50 примероци останале за продажба на јавноста.[13][14]
Во декември истата година, Coldplay потпиша договор со независната издавачка куќа Fierce Panda. Нивното прво издание беа трите изданија на песната Brothers and Sisters, кои беа брзо снимени во текот на четири дена во февруари 1999 година.[15] По завршувањето на завршните испити, Coldplay потпишале со Parlophone за договор за пет-албуми во почетокот на 1999 година.[15] По својот прв настап на Glastonbury,[16] групата влезе во студио за да сними трет албум насловен Blue Room. Пет илјади примероци беа пуштени во јавноста во октомври[17] и синглот "Bigger Stronger", доби BBC Radio 1 премиера во живо. На снимањето на The Blue Room беше бурно. Чемпион накратко беше отпуштен од бендот, но Мартин подоцна го молеше да се врати назат и покрај тоа што тој го избрка од бендот и заради негова вина се препушти на прекумерно пиење. На крајот, бендот ги надмина нивните разлики и постави нови правила за да се задржи групата непроменета. Инспирирани од бендовите како U2 и R.E.M., Coldplay одлучиле дека тие ќе работат како демократија (и дека добивката ќе се дели со Вил, Гај и Џони кои ќе добиваат по 20% а Крис ќе добива 40%). Покрај тоа, бендот реши дека ќе го отпушти секој оној кој користи тешки дроги.[18]
Parachutes (1999–2001)
[уреди | уреди извор]Бендот првично планираше да го сними својот деби-албум во период од две недели. Сепак, турнеите и другите настапи во живо предизвикаа снимањето, да се одложи меѓу септември 1999 и април-мај 2000 година.[19] Албумот е снимен во Rockfield Studios, Matrix Studios и Wessex Sound Studios со продуцентот Кен Нелсон, иако поголемиот дел од песните на Parachutes беа снимени во Liverpool's Parr Street Studios (каде што тие изнајмиле три студио соби). Процесот на снимање на сите песни за албумот беше направено од страна на американскиот инженер Мајкл Брауер во Њујорк. Во текот на тој период, тие настапуваа на Карлинг турнејата, која објавуваше дебитантски имиња.[20]
Откако објавиле 3 инструментални албуми без хит песна, Coldplay го издадоа нивниот прв Топ 40 хит со водечкиот сингл од албумот, "Shiver", издаден во март 2000 година кој се искачил на 35тата позиција на синглови во Велика Британија. Јуни 2000 беше клучен момент во историјата Coldplay : бендот ја започна својата прва водечка турнеја, вклучувајќи и настап на фестивалот Гластонбери. Бендот исто така, го објави синглот "Yellow".[21] Како прва песна на Coldplay која се најде меѓу првите пет, песната стигна до четвртото место на синглови во Велика Британија[22] и ги стави Coldplay во центарот на вниманието."Yellow "и" Shiver” беа првично објавени како EP во пролетта на 2000 година.[23] Првата подоцна беше издадена како сингл во Велика Британија на 26 јуни 2000 година. Во САД, песната беше издадена како водечки сингл од тогашниот ненасловен деби албум. Во октомври 2000 година, песната беше испратена до американскиот колеџ и алтернативните радио станици.[24]
Колдплеј го издадоа нивниот прв студиски албум, Parachutes, на 10 јули 2000 година во Обединетото Кралство преку нивната издавачка куќа, Parlophone. Албумот дебитираше на број еден списокот на албуми во Велика Британија.[19] Тој беше објавен на 7 ноември 2000 година од страна издавачката куќа Nettwerk во Северна Америка.[25] Албумот е ставен на располагање на различни формати од неговото почетно издание. Parlophone и Nettwerk го објавија како CD во 2000 година, и тој беше, исто така, издаден како една од касетите од страна на новата американска издавачка куќа Капитол во 2001 година. Бендот објави ограничено издание на "Trouble", третиот сингл од албумот, кој го содржи ремиксот на "Yellow". Тој бил издаден во 1.000 копии, и е само за обожавателите и новинарите.[26] И "Yellow" и "Trouble" заработил редовни емитувања на радио во Велика Британија и САД.
Parachutes беше номиниран за Mercury Music Prize во септември 2000 година.[27] Доживеа успех во Европа па бендот ги постави нивните погледи кон Северна Америка,[28] со пуштањето на албумот таму во ноември 2000 година, и ја започна американската турнеја по клубови во февруари 2001 година.[29] На Brit Awards во февруари 2001, Coldplay доби награди за Најдобра британска група, и Најдобар британски албум.[30] Иако Parachutes имаше бавен успех во САД, на крајот достигна двојно платинест статус.[31] Албумот беше добро примен и заработил награда за Најдобар алтернативен албум за 2002 Греми награди.[32]
A Rush of Blood to the Head (2001–04)
[уреди | уреди извор]По успехот на Parachutes, Coldplay се вратија во студиото во септември 2001 година за да почнат да работат на нивниот втор албум A Rush of Blood to the Head, уште еднаш во производство на Кен Нелсон. Бидејќи бендот никогаш не престојувале во Лондон претходно, тие имаа проблем со фокусирањето. Потоа одлучија да се преселат во Ливерпул, каде што снимени некои од песните на Parachutes. Таму, вокалист Крис Мартин рече дека тие станале опседнати со снимање. "In my place", беше првата песна снимена за албумот. Бендот ја издаде како водечки сингл на албумот, бидејќи таа беше песната што ги натера да посакаат да снимат втор албум по "чудниот период на не знаење што да се прави" три месеци по успехот на Parachutes.
Бендот напиша повеќе од 20 песни за албумот. Нешто од новиот материјал, вклучувајќи ги и „In My Place" и „Animals", беа одсвирени во живо, додека бендот сè уште беше на турнеи за Parachutes.[26][33] Насловот на албумот беше откриен преку еден пост на официјалното мрежно место на бендот.[34] Албумот беше издаден во август 2002 година и имаше неколку популарни синглови, вклучувајќи ги и " In My Place ", "Clocks" и баладата " The Scientist ". Таа е инспирирана од насловната нумера на Џорџ Харисон на All Things Must Pass, која беше издадена во 1970 година.[35]
Coldplay беше на турнеи од јуни 2002 година до септември 2003 година за A Rush of Blood to the Head. Тие посетија пет континенти, вклучувајќи ги Glastonbury фестивал,[17] Rock Werchter. Многу од концертите демонстрираа осветлување и индивидуализирани екрани кои потсетуваа на турнеите на U2 и на Nine Inch Nails.[36] Во текот на продолжената турнеја, Coldplay снимија DVD и CD во живо во 2003 година, на Sydney's Hordern Pavilion.[37] На Brit Awards во 2003 кои се одржаа во Earls Court, Лондон, Coldplay добија награди за Најдобар британски бенд, и Најдобар британски албум.[30] На 28 август 2003 година, Coldplay ја изведе " The Scientist " на MTV Video Music Awards во 2003 на Radio City Music Hall во Њујорк, и освои три награди.[38][39]
Во декември 2003 година, читателите на Ролинг Стоун ги избраа Coldplay како најдобри уметници и најдобар бенд на годината.[40] A Rush of Blood to the Head освои Греми награда за најдобар алтернативен музички албум во 2003 година на Греми наградите.[41] Во 2004 на Греми наградите, Колдплеј доби награда за плоча на годината за " Clocks ".[42]
X&Y (2004–06)
[уреди | уреди извор]Coldplay го поминаа поголемиот дел од 2004 година надвор од центарот на вниманието, со паузирање од додека да започнат со снимањето на третиот албум.[42] X & Y беше издаден во јуни 2005 година во Велика Британија и Европа.[43] Тој станал најдобро продаваниот албум во 2005 година со светска продажба од 8,3 милиони примероци.[44] Водечкиот сингл, "Speed of Sound",[45] го имаше своето радио и интернет музичко деби на 18 април, но беше објавен како CD во 23 мај 2005 година.[46] X & Y влезе во списокот на најпродавани албуми од 20 земји на број еден позиција[47] и беше трет најбрзо продаван албум во Велика Британија.[48]
Два други сингла беа објавени таа година. "Fix You" во септември и " Talk " во декември. Критична реакција на X и Y беше претежно позитивна, иако малку помалку ентузијастичка од онаа на неговиот претходник. The New York Times критичарот Џон Парелес ги опиша Coldplay како "нај неподнослив бенд на деценијата",[49] додека NME му додели на албум оценка 9/10 нарекувајќи го "течен, храбар, амбициозен, преполн со синглови, а Coldplay како бенд од своето време".[50] Споредбите помеѓу Coldplay и U2 станаa вообичаени.[51] Крис Мартин подоцна откри дека коментарите кои се движеа од мешани до негативни, и кои не се вредни за нивно разгледување во врска со споредувањето со У2, ги прави се чувствуваат "ослободени".[52]
Од јуни 2005 до јули 2006 година, Coldplay ја започнаа нивната турнеја Twisted Logic, во која беа вклучени фестивалите како Coachella, Isle of Wight, Гластонбери и Austin City Limits Music Festival.[53] Во јули 2005 година, бендот се појави на Live 8 во Хајд Парк, каде што тие ја препеаа препевот на "Bitter Sweet Symphony" на Verve со Ричард Ешкрофт на вокали.[54] На 28 август, Coldplay ја изведоа "Speed of Sound" на MTV Video Music Awards во Мајами 2005 година.[55] Во септември, Coldplay снимија нова верзија на " How You See the World " со преработени текстови за War Child's Help!: A Day in the Life charity албумот.[56] Во февруари 2006 година, Coldplay заработи награда за најдобар албум и најдобар сингл на Brit Awards.[57] Уште два сингла беа објавени во текот на 2006 година ", The Hardest Part " и " What If ". Шестиот и последен сингл, " White Shadows " беше издаден во Мексико во текот на јуни 2007 година.
Viva la Vida or Death and All His Friends (2006–09)
[уреди | уреди извор]Во октомври 2006 година, Coldplay почнаа да работат на нивниот четврти студиски албум, Viva la Vida or Death and All His Friends, со продуцентот Брајан Ино.[58] По паузата од снимање, бендот имаше турнеја низ Латинска Америка во почетокот на 2007 година, настапувајќи во Чиле, Аргентина, Бразил и Мексико.[59] По посетата на цркви и други места во Латинска Америка и Шпанија за време на нивната турнеја, бендот изјави дека албумот веројатно ќе има шпанско влијание.[60] Групата го помина остатокот од годината снимајќи со Ино.[61]
Мартин го опиша Viva La Vida како нова насока за Coldplay. Како промена од своите изминати три албуми, кои се познати како "трилогијата".[62] Tој рече дека албумот содржи помалку falsetto што му овозможува на неговиот глас да преземе предност.[62] Некои песни, како " Violet Hill ", содржат искривени гитара рифови и нијанси на блуз.[62]
„Violet Hill " беше потврдена како прв сингл, со радио премиера на 29 април 2008 година.[63] По првото емитување, таа беше достапна за симнување од мрежното место на Coldplay и за една недела оствари два милиони симнувања додека не стана комерцијално достапна за симнување на 6 мај.[64][65][66]" Violet Hill " се искачи на Топ 10 листата во Велика Британија, а во САД на Топ 40.[67] Насловната нумера, "Viva La Vida", исто така, беше објавена исклучиво на iTunes. Таа стана првиот број еден на бендот на Billboard Hot 100, и својот прв број еден сингл во Велика Британија, врз основа на продажбата.[68]
По пуштањето во продажба, Viva la Vida or Death and All His Friends албумот го освои врвот на топ листите во целиот свет, и е најдобро продаваниот албум во светот за 2008 година.[69] Во тоа време, се продаде во 302.000 примероци, а БиБиСи го нарече "еден од најбрзо продаваните албуми во историјата на Велика Британија".[70] До крајот на јуни, тој постави нов рекорд за најсимнуван албум на сите времиња.[71][72] Во октомври 2008 година, Колдплеј освои две награди за најдобар албум за Viva la Vida or Death and All His Friends и најдобра изведба во светот денес.[73]
Coldplay ја започна својата Viva La Vida турнеја во јуни, со бесплатен концерт во Brixton академијата во Лондон.[74] Два дена подоцна ова беше проследено со 45-минутен перформанс кој се емитуваше во живо преку БиБиСи телевизијата.[75] Издаден кон крајот на 2008 година, "Lost!" стана третиот сингл од албумот, на кој има нова верзија со Џеј-Зи.
Албумот во живо насловен LeftRightLeftRightLeft беше снимен на разни шоуа за време на турнејата. LeftRightLeftRightLeft, објавен на 15 мај 2009 година, беше поделен на преостанатите концерти на нивната Viva La Vida турнеја. Исто така, беше издаден за бесплатно симнување од нивното мрежно место.[76] По Viva La Vida турнејата, Coldplay најавија уште една турнеја низ Латинска Америка која се одржа во февруари и март 2010 година, на која тие беа во посета на Мексико, Аргентина, Бразил , и Колумбија.[77] Во октомври 2009 година, Coldplay освои награда за песна на годината за "Viva La Vida" од Американското друштво на композитори, автори и издавачи (ASCAP).[78] Во декември 2009, Rolling Stone читателите ја изгласаа групата како четврт најдобар уметник на 2000-тите.[79]
Mylo Xyloto, албум во живо (2009–12)
[уреди | уреди извор]Групата го заврши снимањето на новиот албум во средината на 2011 година. Кога Мартин и Чемпион беа интервјуирани од страна на БиБиСи Радиото и беа прашани за лирските теми на албумот, Мартин одговори "Се работи за љубовта, зависноста, OCD, бегање од реалноста и работење за некој кој не ви се допаѓа."[80] Тие потврдија неколку настапи на фестивали пред датумот на неговото објавување, и настапија на Rock Werchter, Pinkpop Festival, Glastonbury Festival,[81] T in the Park,[82] Austin City Limits Music Festival,[83] Rock in Rio[84] и Lollapalooza фестивалот.[85]
Во едно интервју на 13 јануари 2011 година, Coldplay споменаа две нови песни кои ќе бидат вклучени на нивниот претстоен петти албум, "Princess of China" и "Every Teardrop Is a Waterfall".[86] Во интервју во февруари, претседателот на Parlophone Мајлс Леонард изјави дека бендот сè уште е во студиото и работи на албумот и дека очекува финалната верзија да се појави "кон есента истата година".[87] На 31 мај 2011 година, Coldplay најави дека " Every Teardrop Is a Waterfall " требаше да биде првиот сингл за петтиот албум. Тој беше објавен на 3 јуни 2011 година. Бендот исто така претстави пет нови песни на фестивалите во текот на летото на 2011 година, "Charlie Brown", "Hurts Like Heaven", "Us Against the World", "Princess of China" and "Major Minus".[88]
На 12 август 2011 година, Coldplay објави преку нивното официјално мрежно место дека Mylo Xyloto е новиот наслов на албумот, и дека ќе биде издаден на 24 октомври 2011 година.[89] На 12 септември бендот објави вториот сингл од нивниот претстоен албум Mylo Xyloto " Paradise ". На 23 септември 2011 година, билетите за европската турнеја на Coldplay официјално беа пуштени во продажба. Побарувачката докажано беше многу висока.[90] Mylo Xyloto беше издаден на 24 октомври 2011 година, и доби позитивни критики, а се најде на врвот на топ листите во повеќе од 34 земји.[91][92][93]
На 19 октомври 2011 година, Coldplay настапија во Apple Inc на приватниот помен во чест на Стив Џобс, изведувајќи ги песните "Viva La Vida", "Fix You", "Yellow" and "Every Teardrop Is a Waterfall ".[94] На 26 октомври нивните " Amex Unstaged " концерти во Плаза де Торос во Мадрид, Шпанија, беа емитувани од страна на YouTube во живо во режија на Антон Корбијн.[95] На 30 ноември 2011 година, Coldplay доби три Греми номинации за 54-тото доделување на Греми наградите, кое се одржа на 12 февруари 2012 година во Лос Анџелес, а бендот настапуваше со Ријана на церемонијата.[96][97] На 12 јануари 2012 година, Coldplay беа номинирани за две Brit Awards.[98] На 21 февруари 2012 година, тие беа наградени со Brit Award за најдобра британска група по третпат.[99] Албумот беше најдобро продаван рок албум во Обединетото Кралство,со продажба од 908,000 примероци.[100] Вториот сингл од албумот, " Paradise ", беше, исто така, најдобро продаваниот рок сингл во Велика Британија, продавајќи 410,000 копии.[100] Во 2012 на MTV Video Music Awards на 6 септември, " Paradise " ја освои наградата за најдобар рок видео запис.[101] Mylo Xyloto има продадено над 8 милиони копии во целиот свет.[93]
Coldplay настапија на завршната церемонија на Лондон 2012 Параолимписките игри на 9 септември 2012 година, каде настапија заедно со други уметници, како Ријана и Џеј-Зи.[102] Во октомври 2012 година, музичкиот спот за песната на Coldplay " Hurts Like Heaven " беше објавен. Видеото е врз основа на приказната на Mylo Xyloto, едно момче кое израснало во тиранијата предводена од Major Minus. Измислениот стрипови со наслов Mylo Xyloto ќе ја продолжат приказната портретирана во спотот, кои се објавени во почетокот на 2013 година.
Шести студиски албум (2012–до денес)
[уреди | уреди извор]На 21 ноември, по концерт во Бризбејн, Австралија, како дел од Mylo Xyloto турнејата, Coldplay објавија дека ќе прават тригодишна пауза од турнеи.[103] Coldplay настапуваа во две емисии со Jay-Z во Баркли центарот, Бруклин, Њујорк, на 30 декември, на новогодишната ноќ, а беа резервирани за голем број концерти во Латинска Америка во февруари 2013 година, но тие подоцна биле принудени да ги откажат. Mylo Xyloto турнејата беше прогласена за четврта турнеја во светот со највисока заработувачка од 2012 година со повеќе од $ 171.300.000 заработени од продажба на билетите.[104]
Во изјавата за австралиската радио станица 2Day_FM, Крис Мартин откри дека насловот за нивниот следен албум. "ќе биде многу полесна за изговор".[105] Во едно интервју беше откриено дека Coldplay веќе работат на она што ќе биде нивен 6 студиски албум. Во истото интервју, Мартин разоткри шпекулации дека тие ќе правеле пауза од турнеи, велејќи "Оваа идеја за тригодишна пауза беше покрената затоа што ја реков на свирка во Австралија, и ние не би можеле да бидеме таму за три години. Тоа е веројатно точно, но тоа е само за светска турнеја. Нема шанси да направиме тригодишна пауза“.[106]
Активизам и комерцијални обврски кон спонзорите
[уреди | уреди извор]И покрај нивната светска популарност, бендот остана заштитен знак за тоа како нивната музика треба да се користи во медиумите.[107] Во минатото, Coldplay одби мулти-милионерски договори од Gatorade, Diet Coke, и Gap, кои сакаа да ги користат нивните песни "Yellow", "Trouble", and "Don't Panic".[108] Според фронтменот , Крис Мартин, "Ние не би можеле да живееме со самите себе, ако ги продадеме значењата на тие песни".[107] Песната "Viva La Vida" беше употребена во реклама за iTunes Store.[109] Покрај тоа, Крис Мартин се појави на еден специјален настан на Apple на 1 септември 2010 година, свирекќи голем број на песни, а исто така им се заблагодари на Apple за нивната помош во рекламирањето на "Viva La Vida".[110] По смртта на Стив Џобс, Coldplay настапиле на неговата комеморација во кампусот на Apple, постхумно заблагодарувајќи му се за неговата поддршка.[111]
Coldplay ја поддржува Amnesty International,[112] а Мартин се смета за еден од најпознатите славни личности кој се залага за фер-трговија. Бендот исто така ја поддржа кампањата за сиромаштија.[113] За време на првите години, Coldplay стана широко позната во медиумите заради фактот што донира 10 отсто од профитот на бендот во добротворни цели.[114] Мартин зборуваше против инвазијата во 2003 година на Ирак од страна на САД, Велика Британија и други сили,[115] а го поддржа демократскиот претседателски кандидат на САД Џон Кери во 2004 година и Барак Обама во 2008 година.[116] Во јуни 2009 година, Coldplay почна да ја поддржува кампањата за храна Meat Free Monday направена од Пол Макартни која се обидува да ги забави климатските промени со тоа што сите ќе имаат најмалку една ден без месо во неделата.[117]
Членови на бендот
[уреди | уреди извор]- Џони Бакленд – главна гитара, придружен вокал, клавијатури (1997-денес)
- Крис Мартин – водечки вокал, клавијатури, пијано, ритам гитара, хармоника (1997-денес)
- Гај Бериман – бас, придружен вокал, клавијатури, синтисајзери, удирачки инструменти (1997-денес)
- Вил Чемпион – тапани, придружни вокали, клавијатури, пијано, удирачки инструменти (1998-денес)
- Фил Харви – менаџер (1998–2002; 2022–сега), креативен директор (2006–сега)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Parachutes (2000)
- A Rush of Blood to the Head (2002)
- X&Y (2005)
- Viva la Vida or Death and All His Friends (2008)
- Mylo Xyloto (2011)
- Ghost Stories (2014)
- A Head Full of Dreams (2015)
- Everyday Life (2019)
- Music of the Spheres (2021)
- Moon Music (2024)
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Coldplay имаат освоено бројни музички награди во текот на нивната историја, вклучувајќи осум Brit Awards-победа за Најдобар британски бенд (трипати), пет MTV Video Music Awards, три Светски музички награди, четири Билборд музички награди, а седум Греми награди од дваесет и шест номинации. 2009 беше најуспешната година кога добија седум Греми номинации на 51те Греми награди, а освоија три. Coldplay имаат продадено над 60 милиони плочи низ целиот свет.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Deusner, Stephen M. (1 June 2009). „Coldplay: LeftRightLeftRightLeft | Album Reviews“. Pitchfork. Посетено на 11 September 2011.
- ↑ Dowling, Stephen (19 August 2005). „Entertainment | Are we in Britpop's second wave?“. BBC News. Посетено на 11 September 2011.
- ↑ http://www.allaccess.com/top40-mainstream/future-releases
- ↑ Roach, p. 22
- ↑ "Newsreel: An appeal to Wikipedia enthusiasts" Архивирано на 9 август 2017 г.. Coldplay.com. 25 July 2008. Retrieved 26 August 2009.
- ↑ „Coldplay's Quiet Storm“. Rolling Stone. 25 August 2005. Архивирано од изворникот 4 February 2022. Посетено на 3 February 2022.
- ↑ Wild & Croft 2018, стр. 111
- ↑ Wild & Croft 2018, стр. 13–16
- ↑ „Will Champion: Just Right for Coldplay“. Drum!. 21 February 2012. Архивирано од изворникот на 6 December 2018. Посетено на 12 January 2022.
- ↑ „The Live Debut“. Coldplay Timeline. 16 January 1998. Архивирано од изворникот на 15 April 2021. Посетено на 20 January 2022.
- ↑ „They Played a Tiny Café... There Were Four People in the Audience“. Music Business Worldwide. 26 February 2018. Архивирано од изворникот на 22 November 2021. Посетено на 7 January 2022.
- ↑ „We Interview Coldplay's Manager“ (PDF). Coldplay E-Zine. April 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 November 2007. Посетено на 31 December 2021.
- ↑ Wild & Croft 2018, стр. 18–20
- ↑ „We Interview Coldplay's Manager“ (PDF). Coldplay E-Zine. April 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 November 2007. Посетено на 31 December 2021.
- ↑ 15,0 15,1 Wild & Croft 2018, стр. 30–35
- ↑ „Glastonbury Festival“. Coldplay Timeline. 27 June 1999. Архивирано од изворникот на 17 January 2023. Посетено на 17 January 2023.
- ↑ 17,0 17,1 Roach 2003, стр. 28
- ↑ „Coldplay: Inspiring Stories About Famous Musicians and Bands Who Started to Perform in College“. Making Music. 5 December 2019. Архивирано од изворникот на 17 January 2023. Посетено на 17 January 2023.
- ↑ 19,0 19,1 Roach 2003, стр. 45
- ↑ Verrico, Lisa (21 January 2000). „NME Carling Premier Tour – Arts“. The Times. UK: 44.
- ↑ Roach 2003, стр. 42
- ↑ Roach 2003
- ↑ Bogdanov, Vladimir; Woodstra, Chris; Erlewine, Stephen Thomas (2002).
- ↑ Basham, David (16 October 2000). "Coldplay Escapes City For "Yellow" Single, Video" Архивирано на 13 јануари 2009 г.. MTV. Retrieved 9 September 2008.
- ↑ Cohen, Jonathan (2 August 2000). „Nettwerk To Release Coldplay Album“. Billboard. Архивирано од изворникот на 3 November 2012. Посетено на 15 September 2008.
- ↑ 26,0 26,1 Moss, Corey (18 December 2001). "Coldplay Ready Second Album As 'Trouble' Heats Up" Архивирано на 14 јануари 2009 г.. MTV. Retrieved 22 September 2008.
- ↑ „Coldplay's Q for success“. BBC News. BBC. 16 October 2000. Посетено на 15 October 2009.
- ↑ Roach 2003, стр. 76
- ↑ Basham, David (1 August 2000). „Coldplay Finds American Home For "Parachutes"“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 15 October 2009.
- ↑ 30,0 30,1 „Coldplay: The Brit Awards“. Brits.co.uk. Архивирано од изворникот на 20 October 2014. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ Caims, Dan (17 December 2000). „Albums of the year – On record“. The Sunday Times. UK: 18.
They [Coldplay] began 2000 as unknowns, and ended it with a double-platinum album [Parachutes] and America their oyster
- ↑ „2003 Grammy Award Winners“. The New York Times. 25 February 2003. Архивирано од изворникот на 23 April 2022. Посетено на 2 December 2022.
- ↑ Nelson, Chris (12 February 2001). "Coldplay Warm Up On U.S. Tour Opener" Архивирано на 15 јануари 2009 г.. MTV. Retrieved 14 September 2008.
- ↑ Luerssen, John D. (25 April 2002). "Coldplay Sets Album Title, June Gigs". Billboard. Retrieved 14 September 2008.
- ↑ „On The Record: How George Harrison inspired The Scientist“. Rapid City Journal Media Group. 11 December 2014. Архивирано од изворникот на 2 October 2017. Посетено на 5 January 2022.
- ↑ Wener, Ben (22 August 2005). „Still a few steps short of greatness“. The Orange County Register.
- ↑ Danby, Andrew (4 September 2003). „Coldplay Go Live“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 24 May 2008. Посетено на 25 April 2008.
Concert album due in November
- ↑ „2003 MTV Video Music Awards“. Mtv.com. Архивирано од изворникот на 2010-07-25. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Coldplay's 10 Best Songs“. TimeForGig.com. 24 January 2023. Посетено на 12 March 2023.
- ↑ „Rock on the Net: Coldplay“. Rockonthenet.com. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Complete list of Grammy Award winners“. USA Today. 24 February 2003. Посетено на 1 May 2008.
- ↑ 42,0 42,1 „Complete List of 46th Annual Grammy Winners and Nominees“. Chicago Tribune. 4 December 2003. Архивирано од изворникот на 6 October 2022. Посетено на 2 December 2022.
- ↑ „BBC – Rock/Indie Review – Coldplay, X&Y“. BBC. 20 November 2005. Архивирано од изворникот на 31 March 2008. Посетено на 25 April 2008.
- ↑ „Coldplay tops worldwide sales for 2005“. CBC News. 31 March 2006. Архивирано од изворникот на 17 June 2008. Посетено на 15 October 2009.
- ↑ Morford, Mark (17 June 2005). „Is Coldplay The New Jesus? Martin & Co. make moms smile and girls swoon and offend no one in their quest to love all puppies“. San Francisco Chronicle. Архивирано од изворникот на 15 September 2005. Посетено на 25 April 2008.
- ↑ Sherwin, Adam (30 April 2005). „Coldplay's new single breaks sound barrier“. The Times. UK. Архивирано од изворникот на 2007-04-02. Посетено на 25 April 2008.
- ↑ Dwyer, Michael (30 June 2006). „Cold comfort“. The Age. Melbourne. стр. 1. Посетено на 11 January 2010.
- ↑ „Leona Lewis tops singles charts as Take That go in at Number-One in the album charts – both breaking records in the process“. Daily Mirror. UK. 8 December 2008. Посетено на 11 January 2010.
- ↑ „The Case Against Coldplay“. The New York Times. 6 June 2005. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на 12 July 2022. Посетено на 25 December 2021.
- ↑ „NME Album Reviews – Coldplay : X&Y“. NME.COM. 12 September 2005. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ Kreps, Daniel (6 October 2011). „Coldplay Hire U2's Favorite Director for Webcast“. Yahoo! Music. Архивирано од изворникот на 8 July 2012. Посетено на 22 January 2012.
- ↑ Reynolds, Simon (18 June 2008). „Coldplay 'liberated' by 'X&Y' criticism“. Digital Spy. Посетено на 18 October 2008.
- ↑ „The Daily Wrap 2005 ACL Music Festival“. Austin City Limits. Архивирано од изворникот на 20 April 2008. Посетено на 25 April 2008.
- ↑ „BBC – The Live 8 Event – Line Up and Artists“. BBC. Посетено на 25 April 2008.
- ↑ „MTV Video Music Awards 2005“. Mtv.com. Архивирано од изворникот на 2008-08-28. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Rush to download War Child album“. BBC News. BBC. 12 September 2005. Посетено на 15 October 2009.
- ↑ „Triple Brits success for Kaisers“. BBC News. BBC. 15 February 2006. Посетено на 29 April 2009.
- ↑ „Coldplay Reveal New Album Details, Timbaland Producing Ashlee Simpson, Courtney Love Blamed for Jack Osbourne's Drug Problem“. Rolling Stone. 10 September 2007. Архивирано од изворникот на 19 April 2008. Посетено на 24 April 2008.
- ↑ „Coldplay promise song of 'genius'“. BBC News. BBC. 5 March 2007. Посетено на 26 August 2009.
- ↑ Tyrangiel, Josh (9 June 2008). „Coldplay, Viva la Vida“. Time. том 171 no. 67. стр. 23.
- ↑ Montgomery, James (9 June 2008). „Coldplay Give Track-By-Track Tour of Viva la Vida, Explain Handclaps, Tack Pianos and the Number 42. The album was released in 2008“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-03-11. Посетено на 18 October 2008.
- ↑ 62,0 62,1 62,2 Serpick, Evan (27 February 2008). „Coldplay at Work on "Something Different" for Upcoming Album – Chris Martin talks about trilogy and change“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 18 April 2008. Посетено на 24 April 2008.
- ↑ „News Ticker: Guns N' Roses, Britney Spears, Coldplay“. Rolling Stone. 21 April 2008. Архивирано од изворникот на 22 April 2008. Посетено на 24 April 2008.
- ↑ „BBC News: Coldplay song downloaded 2m times“. BBC. 6 May 2008. Посетено на 17 July 2008.
- ↑ „Coldplay giving away new single“. BBC. 28 April 2008. Посетено на 28 April 2008.
- ↑ „Coldplay“. Coldplay. 28 April 2008. Архивирано од изворникот на 30 April 2008. Посетено на 28 April 2008.
- ↑ Collis, Roland. „UKC“. Iomusic News. стр. 2. Архивирано од изворникот на 4 February 2009. Посетено на 22 November 2008.
- ↑ „BBC News: Coldplay's new single tops chart“. BBC. 22 June 2008. Посетено на 17 July 2008.
- ↑ „Coldplay top 2008's global chart“. News.bbc.co.uk. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „BBC News: New Coldplay album tops UK chart“. BBC. 15 June 2008. Посетено на 17 July 2008.
- ↑ „Yahoo! Chart Watch: Viva La Download Or Death And All His CDs“. Yahoo!. 29 June 2008. Архивирано од изворникот на 15 July 2008. Посетено на 3 September 2008.
- ↑ „Most Album Downloads Ever“. Hyper-Stars. Посетено на 3 September 2008.
- ↑ „Double Q Award win for Coldplay“. BBC News. BBC. 6 October 2008. Посетено на 29 December 2008.
- ↑ Geoghegan, Kev (16 June 2008). „BBC Newsbeat: Coldplay make their live return“. BBC. Посетено на 17 July 2008.
- ↑ „BBC News: Coldplay play open air gig at BBC“. BBC. 18 June 2008. Посетено на 17 July 2008.
- ↑ „Coldplay To Give Away Live Album“. Coldplay Official Website. 1 May 2009. Архивирано од изворникот на 13 November 2012. Посетено на 1 May 2009.
- ↑ „Latin America Stadium Tour Announced“. Coldplay Official Website. 1 October 2009. Архивирано од изворникот на 3 October 2009. Посетено на 1 October 2009.
- ↑ Paine, Andre (14 October 2008). „McCartney, Coldplay honored at ASCAP awards“. Billboard. Посетено на 15 October 2008.
- ↑ „Green Day Named Top Artists of the Decade By Rolling Stone Readers“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2013-09-28. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ Ziegbe, Mawuse (8 January 2011). „Coldplay's New Album About 'Addiction,' 'OCD'“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 10 January 2011.
- ↑ „Glastonbury Festival 2011 – Coldplay“. BBC. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „T in the Park 2011 – Coldplay“. BBC – T in the Park – 2011. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Coldplay Debut Another New Song At 'Austin City Limits' Taping“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2013-08-30. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Coldplay and Maroon 5 Rock in Rio: Daily“. The Rio Times. 2 October 2011. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Coldplay performs in Grant Park at Lollapalooza 2011!“. Los Angeles Times. 6 August 2011. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Coldplay Album Update“. Clashmusic.com. 13 January 2011. Посетено на 8 November 2011.
- ↑ „Interview with Miles Leonard“. HitQuarters. 7 February 2011. Архивирано од изворникот на 9 June 2012. Посетено на 16 February 2011.
- ↑ „Coldplay se defiende de las acusaciones de plagio“. Los40.com. Архивирано од изворникот на 6 February 2012. Посетено на 3 July 2011.
- ↑ „Coldplay: News – New album, Mylo Xyloto, out on October 24“. Архивирано од изворникот на 23 July 2012. Посетено на 12 August 2011.
- ↑ „Coldplay Arena Tour Sells Out in a Minute“. Entertainmentwise. 23 September 2011. Архивирано од изворникот на 26 October 2011. Посетено на 8 November 2011.
- ↑ „Coldplay's new album 'Mylo Xyloto' getting mostly positive reviews“. Blog.Zap2it.com. 24 October 2011. Архивирано од изворникот на 1 April 2012. Посетено на 11 April 2012.
- ↑ „Gwyneth Paltrow Called a Great Beard by Chris Martin“. Popsugar.com. 27 October 2011. Посетено на 2 April 2012.
- ↑ 93,0 93,1 Michaels, Sean (11 July 2012). „Coldplay to launch Mylo Xyloto comics“. The Guardian. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ Wingfield, Nick (19 October 2011). „Coldplay and Norah Jones Play at Memorial for Jobs“. The New York Times.
- ↑ „"Coldplay streaming live Anton Corbijn directed performance"“. Архивирано од изворникот на 1 August 2013.
- ↑ „Grammy Nominations 2012 in full“. The Telegraph. 1 December 2011. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 4 February 2012.
- ↑ Carlson, Erin (19 January 2012). „Rihanna, Coldplay to Perform Together at Grammy Awards“. Billboard. Архивирано од изворникот на 23 January 2012. Посетено на 4 February 2012.
- ↑ „Adele, Coldplay Lead BRIT Award Nominations“. Rolling Stone. 12 January 2012. Архивирано од изворникот на 1 July 2014. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Brit Awards 2012: List of winners“. BBC News. 21 February 2012. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ 100,0 100,1 „Coldplay, Noel Gallagher and Foo Fighters revealed as biggest selling rock acts of 2011“. NME. 17 January 2012. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Coldplay Basks In 'Paradise' With 2012 VMA Best Rock Win“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2013-11-13. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „Coldplay joined by Rihanna, Jay-Z at Paralympic closing ceremony“. NME. 9 September 2012. Посетено на 5 October 2012.
- ↑ „Hiru urtez agertokietatik kanpo egongo da Coldplay“ (баскиски). eitb.com. Архивирано од изворникот на 27 May 2013. Посетено на 28 November 2012.
- ↑ „Madonna, Lady Gaga And Coldplay Among 2012's Top Grossing World Tours“. Capital FM. 31 December 2012. Посетено на 5 January 2013.
- ↑ "Coldplay: 'Our next album title will be pronounceable'".
- ↑ „Coldplay begin work on new record“. Irish Examiner. 30 November 2012. Посетено на 6 January 2021.
- ↑ 107,0 107,1 „Top 5 Things You May Not Know About Coldplay“. ABC News. 1 March 2012. Архивирано од изворникот на 6 January 2022. Посетено на 19 August 2021.
- ↑ „No Trouble for Adverts“. NME. 24 August 2002. Архивирано од изворникот на 6 January 2022. Посетено на 6 January 2022.
- ↑ „Coldplay iTunes Ad Debuts on US TV“. Music Week. 21 May 2008. Архивирано од изворникот на 26 May 2012. Посетено на 6 January 2022.
- ↑ „Apple Special Event September 2010“. Apple Inc. 1 September 2010. Архивирано од изворникот на 3 September 2010. Посетено на 28 December 2021.
- ↑ „Watch The October 19th, 2011 Apple Event Celebrating Steve Jobs“. TidBits. 24 October 2011. Архивирано од изворникот на 1 December 2021. Посетено на 6 January 2022.
- ↑ „Coldplay Brings 20 Years of Music and Charity to Global Citizen Germany“. Global Citizen. 17 March 2017. Архивирано од изворникот на 16 January 2022. Посетено на 29 December 2021.
- ↑ „What Happened to the Make Poverty History Movement?“. The Sydney Morning Herald. 6 September 2014. Архивирано од изворникот на 16 January 2022. Посетено на 29 December 2021.
- ↑ „Coldplay's Slow-Burning Success“. BBC News. 5 May 2005. Архивирано од изворникот на 5 August 2019. Посетено на 29 December 2021.
- ↑ „Liam Gallagher Slams Chris Martin's Anti-war Stance“. NME. 23 March 2003. Архивирано од изворникот на 16 November 2009. Посетено на 29 December 2021.
- ↑ „Kerry, On A Roll“. CNN. 9 February 2004. Архивирано од изворникот на 18 August 2011. Посетено на 29 December 2021.
- ↑ „Coldplay Back Meat Free Monday“. Coldplay Official Website. 18 June 2009. Архивирано од изворникот на 20 June 2009. Посетено на 29 December 2021.
|