Clueless

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Clueless“
200п
Theatrical release poster
РежисерAmy Heckerling
ПродуцентScott Rudin
Robert Lawrence
Twink Caplan
Adam Schroeder
Barry M. Berg
СценаристAmy Heckerling
НастапуваатAlicia Silverstone
Stacey Dash
Brittany Murphy
Paul Rudd
Donald Faison
Breckin Meyer
Dan Hedaya
МузикаDavid Kitay
КинематографијаBill Pope
МонтажаDebra Chiate
ДистрибутерParamount Pictures
Премиерајули 19 1995 (1995-07-19)
Времетраење97 минути
ДржаваСАД
ЈазикАнглиски
Шпански
Буџет$20,000,000
Бруто заработка$56,631,572

Clueless (мак. Изгубена) е американска комедија од 1995 година донекаде базирана на новелата Ема од 1815 година на Џејн Остин. Се појавуваат Алиша Силверстоун во главната улога, Стејси Даш, Пол Руд и Британи Марфи. Филмот бил сниман во градот на Беверли Хилс и бил напишан и режиран од Ејми Хекерлинг и продуциран од Скот Рудин, и бил издаден во САД на 19 Јули, 1995 година. Од филмот произлегле телевизиска серија и серија на книги.


Содржина[уреди | уреди извор]

Шер Хоровиц (Алиша Силверстоун) е добродушна но површна девојка која е привлечна, популарна и многу богата. Неколку месеци пред нејзиниот шеснаесетти роденден се искачува на врвот на средношколската социјална сцена и е среќна и сигурна во нејзиниот ограничен, опседнат со мода свет. Таа живее во палата во Беверли Хилс со нејзиниот татко Мел (Ден Хедаја), суров извршител кој наплаќал 500 долари на час , нејзината мајка веќе одамна почината откако подлегнала на компликациите за време на процес на липосукција. Најдобриот пријател на Шер е Дион Давенпорт (Стејси Даш), која исто така е богата,убава и хипи и разбира како е да ти завидуваат.

Меѓу неколкуте личности кои постојано ја прекоруваат Шер е Џош (Пол Руд), нејзиниот социјално свесен бивши полубрат кој ги посетува за време на распустот од колеџот. Џош и Шер се препираат постојано ,но не злонамерно; таа се однесува кон него како „гранола здив“ и го исмејува неговиот запуштен идеализам, додека тој ја задева дека таа е себична, суетна и површна и и кажува дека нејзин единствен правец во животот и е „кон трговскиот центар“.

Укажувајќи на фактот дека себичноста на Шер е обично наивна и прилично безопасна, Шер игра улога на стројник меѓу двајца осамени, здодевни, строги професори, господин Хол (Валас Шон) и госпоѓицата Гаист (Твинк Каплан). Таа ја постигнува нејзината божемна цел – да направи да попуштат во нивното оценување така што таа ќе може повторно да преговара за лошата листа со оцени – но откако ќе ја види нивната новооткриена среќа, сфаќа дека всушност таа ужива во правење добри дела. Шер решава дека крајниот начин да и возврати на заедницата би бил „посвојување “ на „трагично непопуларна“ нова девојка во училиштето, Тај Фрејзер (Британи Марфи). Шер и Дион и прават трансформација и ја внесуваат во тајните на популарноста. Шер исто така се обидува да ја уништи силната взаемна привлечност измеѓу Тај и Тревис Биркенсток (Брекин Мејер), пријатен мрзелив скејтбордер и да ја сврти кон Елтон (Џереми Систо), богат сноб чиј татко е директор на музичка индустрија.

Нејзината втора шема на спојување пропаѓа кога Елтон ја одбива Тај и и се додворува на Шер. Работите се влошуваат кога „проектот“ на Шер се остварува подобро од очекуваното и популарноста на Тај почнува да ја засенува Шер, особено откако Тај има авантура „блиска со смртта “ во трговскиот центар која и помага да ја вивне во небото нејзината популарност во училиштето. Другите соученици, вклучувајќи ја Амбер (Елиса Донован), долгогодишната соперничка на Дион и Шер, наскоро се здружиле со Тај, и Шер станува деградирана во средното школо од кралица во дворјанин.

Настаните ја доживуваат својата кулминација откако Шер ќе падне на тестот по возење и не ќе може да „преговара“ за резултатот. Откога ќе се врати Шер дома,скршена, Таи и открива дека му „фрлила око“ на Џош и сака Шер да и помогне да го „зграпчи“. Шер и вели дека таа мисли дека Џош не е правиот за неа и тие се расправаат. Шер,оставена сама со себе помислува дека создала чудовиште од себеси. Чуствувајќи се тотално „изгубена“, таа се навраќа на нејзините приоритети и нејзините повторувачки грешки со цел да ги разбере или цени луѓето во нејзиниот живот. Најмногу од се,таа продолжува да размислува на Џош и Тај, и се прашува зошто толку многу се грижи.

По долго преиспитување (што вклучува соло шопинг низ различни бутици во Беверли Хилс), Шер сфаќа дека се заљубила во Џош. Таа почнува да прави чудни но искрени обиди да живее покорисен живот, дури е и одговорна во училиштето за помош во катастрофата на Пизмо плажата. Сцената близу до крајот на филмот покажува како Шер и Џош пробуваат како да си ги признаат своите заеднички чувства еден кон друг, кулминирајќи со нежен бакнеж на скалите на нејзиниот дом.

Филмот има среќен холивудски крај за Шер: Господинот Хол и Госпоѓицата Гајст се венчаваат; нејзините пријателства со Таи и Дион се потврдени и зацврстени; Таи и Тревис се заљубени; и сега, во рацете на Џош таа исто така конечно пронаоѓа љубов.


Улоги на ликовите[уреди | уреди извор]

Главните ликови во филмот се:

  • Алиша Силверстоун како Шер Хоровиц: Слатка но разгален тип на девојка од Долината – иако таа всушност живее во Беверли Хилс. Живеејќи во вила, служена од слуги, и фалејќи се со нејзиното богатсво и мода. Таа е неприкосновена кралица на средното училиште во Беверли Хилс. Шер исто така е тврдоглава и паметна, како нејзиниот татко Мел. Шер убедува двајца од нејзините учители дека секој од нив е таен обожавател на другиот, убедувајќи ги во нејзин стил да и ја променат оцената од 3+ на 5 -. Шер нема нормално момче и таа го опишува пронаоѓањето на момче во средно училиште како „бесмислено како барање на смисла во филмовите на Пол Шор“.
  • Стејси Даш како Дион Давенпорт: Најдобрата пријателка на Шер. Двете, таа и Шер се богати и убави, но грижливи. Шер ја користи Дион како критичар број еден во модата. Дион и нејзиното момче Мареј ( кој го глуми Доналд Фејсон) имаат крајно бурна врска и често се расправаат (инверзија на идеализираната врска помеѓу Остиновата Изабела и Џон Најтли). Тие се расправаат поради бричењето тоа што Мареј си ја избричил својата глава и наоѓањето на „евтина коса од полиестер“ на задното седиште на неговата кола. Но тие исто така се приврзуваат по искуството на Дион на првиот час по возење на автопатот што предизвикува копнежлив восхит кај Шер.
  • Британи Марфи како Тај Фрејзер: грдото пајче трансформирано во убав лебед. Шер и Дион решаваат да ја разубават. Со промена на косата, шминката и облеката, Тај добива самодоверба и чувство за стил. Во почетокот Тај „паѓа“ на скејтерот Тревис (Брекин Мејер), но Шер се обидува Тај да му ја намести на „момчето“ Елтон за да ја зголеми нејзината популарност. По „близу смртното искуство“ во трговскиот, Тај се стекнува со премногу самоуверено однесување кое на крајот претставува закана за друштвениот статус на Шер. Таа исто така се заљубува во Џош и ја замолува Шер да и помогне да го добие. На крајот на филмот, Тај повторно ја стекнува почитта и пријателството на Шер и почнува да се гледа со Тревис. Ова била прва голема улога на Марфи во филм. Таа е базирана на ликот од Ема, Хариет Смит.
  • Пол Руд како Џош Лукас: Бившиот полубрат на Шер, додека Мел бил женет со мајката на Џош 5 години претходно. Џош има амбиции да стане адвокат (тој е концентриран на еколошко право) и за време на распуст од колеџ доаѓа на долготрајна посета кај Шер и нејзиниот татко во нивната куќа. Тој тврди дека дружењето со Мел е „одлично искуство за учење“. Во текот на филмот, Џош ја буцка Шер но во исто време и покажува дека се грижи и дека е загрижен за неа. Тој е базиран на ликот од Ема, Џорџ Најтли.
  • Ден Хедаја како Мел Хоровиц: груб и успешен извршител зависен од работа, тој е постојано вклучен во големи случаи во Беверли Хилс, кадешто тој живее со својата тинејџерка-ќерка Шер. Покрај тоа што е разведен од мајката на Џош, тој и вели на ќерка му „Се разведуваш со жените,не со децата“ и е многу заштитнички настроен кон Шер, кажувајќи му на Кристијан: „Ако нешто и се случи на мојата ќерка имам 45 и лопата. Се сомневам дека некој би те промашил “. Тој е базиран на ликот од Ема, Г-дин Хенри Вудхаус.
  • Елиса Донован како Амбер Мериенс: популарно разгалено детиште кое ги презира Шер и Дион, таа постојано се натпреварува со Шер кога станува збор за стилот,популарноста и момчињата. Шер и дава прекар „монет“ ( исто како слика, „оддалеку е ок,но кога ќе се доближиш е голем застарен неред“). Таа е базирана на ликот на Ема, Аугуста Елтон.
  • Џастин Вокер како Кристијан Стовиц: Љубовта од интерес на Шер. За да го придобие вниманието на Кристијан, Шер си испраќа себеси цвеќиња,слатки и љубовни пораки. Кристијан конечно оди на забава со Шер. Шер планира голема вечер за конечно „да го направи тоа“, но тој ги игнорира нејзините додворувања. Тој е базиран на ликот од Ема, Френк Черчил.



Наследство[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, списанието Entertainment Weekly ја назначила како 19та најдобра комедија во последните 25 години. Признанија од Американскиот Институт за филм:

  • AFI's 100 Years... 100 Laughs - Номиниран
  • AFI's 100 Years...100 Movie Quotes:
    • "As if!" - Номиниран

Силвестрон изјавила дека таа „секогаш се чуствувала поврзана со Марфи бидејќи делеле многу посебно искуство во нивните животи заедно.“ По смртта на Марфи, Силверстоун во интервју изјавила: „Уживав додека работев со Британи. Таа беше толку талентирана, топла и толку слатка.“ Хекерлинг подоцна ја опишала Силверстоун како да ја има „онаа Мерлин Монро работа“ како „убава, слатка блондинка која и покрај тоа што е американски идеал, луѓето сепак навистина ја сакаат.“

Ејми Хекерлинг понатаму повторно се соединила и со Силверстоун и со Шон за вампирската комеидија Vamps.