Прејди на содржината

Clausula rebus sic stantibus

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во јавното меѓународно право, clausula rebus sic stantibus (латински за "работите вака стојат") е правна доктрина која дозволува меѓународни договори да станат неважечки поради фундаментална промена на околностите. Тоа во основа е „излезна клаузула“ што создава исклучок од општото правило pacta sunt servanda (ветувањата мора да се исполнуваат).

Бидејќи оваа доктрина носи ризик за договорите од областа на сигурноста бидејќи нејзиниот опсег е релативно неограничен, таа бара строги правила за условите во кои може да биде применета.

Доктрината е дел од обичајното меѓународно право, но исто така се споменува во Член 62 од Виенската конвенција за законот за договори од 1969 година („Фундаментална промена на околностите“), иако самата доктрина не се споменува по име. Членот 62 нуди само две оправдувања за примена на rebus sic stantibus: прво, дека околностите кои постоеле во времето на склучувањето на договорот биле навистина од суштинска важност за обврските од договорот (потпасус А) и во случај кога промената на околностите има радикално влијание врз обврските од договорот (потпасус Б).

Ако договорните страни ја имал предвидено промената на околностите, тогаш доктрината не се применува и договорот останува на сила. Clausula rebus sic stantibus единствено се однесува на променети околности кои никогаш порано не биле земени предвид од страните. Принципот е појаснет во случајот на спор околу јурисдикција врз правата за рибарење помеѓу Велика Британија и Исланд (United Kingdom v. Iceland, 1973).

Иако е јасно дека фундаменталната промена на околностите може да оправда раскинување или промена на меѓународен договор, унилатералните раскинувања на договори се забранети; една страна нема право еднострано да раскине договор.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]