Channallabes apus е сом од семејството Clariidae и е застапен во калливите мочуришта на тропските предели од Централна Африка. Во должина може да достигне и до 32,7см и е познат по неговата карактеристична способност: скокање од водата за да улови плен.
Бојата на тенкото тело кое има облик на јагула е црно или темно кафеаво, на кое има распоредени боцки. Супрабранхијален орган, кој е составен од структури слични на дрво од вториот и четвртиот жабрен лак, му овозможува на Channallabes apu да внесува кислород директно од воздухот за кратки периоди. Неговите очи се мали и скриени и се разликува по тоа што нема перки. Како и многу ангулиформни Clariidae, неговите вилични мускули се хипертрофични (модификација што е поврзана со зголемена сила на загризување).
Channallabes apu лови и во вода и надвор од вода, при што употребува различна метода за секој вид на ловење. Во вода, цица вода и храна во устата. За да фати храна на копно, Channallabes apu го крева предниот дел од телото нагоре и ја свиткува устата надолу кон пленот. Неговиот специјално адаптиран 'рбет му овозможува да го прави тоа без градни перки кои служат за носење на тежината.