Centaurium pulchellum
| Centaurium pulchellum | |
|---|---|
LC (IUCN3.1[1]) | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Centaurium |
| Вид: | Centaurium pulchellum |
| Научен назив | |
| Centaurium pulchellum (Sw.) Hayek ex Hand.-Mazz., Stadlm., Janch. & Faltis | |
| Varieties and subspecies | |
| |
Centaurium pulchellum е вид цветно растение од семејството линцури. Се разликува од црвениот кантарион по тоа што нема базална розета од листови, и по тоа што има развиено стебло под цветовите. Често е многу помало, помалку од десет сантиметри. Потекнува од јужните умерени делови на Европа, а расте и во Македонија.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Ова е исправена едногодишна билка која се разгранува од основата, често помалку од 10 см висока, и многу помала од црвениот кантарион. Понекогаш се сведува на едно стебло со еден цвет. Додека цвета, од јуни до септември, нема базална розета. Листестото стебло има спротивни парови тесни овални листови. Соцветието е група од неколку бледо розови цветови во форма на ѕвезди, секое со кратко стебло, цевка и пет тесни ливчиња, околу 1 сантиметар во пречник, со рамна површина и жолти прашници. Како и другите членови на семејството, цветовите се затвораат попладне. Чашката е долга приближно колку плодот, кој е цилиндрична капсула.[3][4]
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Ова растение се наоѓа во јужните умерени зони на Европа. Се јавува главно во јужната половина на Британските Острови, особено во близина на јужниот брег на Англија. Расте на различни типови почва, од варовнички до благо кисели. На брегот може да се најде во отворена песочна и каллива трева, често во солени мочуришта, песочни дини и покрај естуари. Во внатрешноста населува низински суви, отворени тревни површини, шумски чистинки и ридови, и друга незасенчена, нарушена почва.[5]
Во Македонија расте по суви тревести места, на ливади, во камењари, покрај патишта, во потоплите делови на Македонија.[2]
Познат е за Скопје, расте покрај Вардар, на Водно, Велес, Штип, Криволак, Охрид, Битола, Новаци, Прилеп, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Струмичко, Јегуновце.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lansdown, R.V.; Ali, M.M. (2013). „Centaurium pulchellum“. Црвен список на загрозени видови. 2013. doi:10.2305/IUCN.UK.2013-1.RLTS.T164149A16703816.en. Посетено на 9 February 2026. Занемарен непознатиот параметар
|article-number=(help) - 1 2 3 Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 29 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
- ↑ McClintock, David; Fitter, R.S.R. (1961). The Pocket Guide to Wild Flowers. London: Collins. стр. 129.
- ↑ „Lesser centaury“. The Wildlife Trusts. Посетено на 2020-03-17.
- ↑ „Centaurium pulchellum“. Online Atlas of the British and Irish Flora. JNCC. Посетено на 2026-02-08.
| ||||||||||