Дива коза

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Capra aegagrus)
Дива коза, безоар
Дива коза, Capra aegagrus aegagrus
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Козо-антилопи
Род: Кози
Вид: Дива коза
Научен назив
Capra aegagrus
Еркслебен, 1777
Подвидови

Capra aegagrus aegagrus
Capra aegagrus blythi
Capra aegagrus chialtanensis
Capra aegagrus cretica
Capra aegagrus hircus
Capra aegagrus turcmenica

Дивата коза или безоарска коза (лат. Capra aegagrus) е широко распространет вид ка кози која живее од Европа и Мала Азија, па до средна Азија и Блискиот Исток.

Друштвеност[уреди | уреди извор]

Во дивина козите живеат во стада до 500 единки. Мажјаците се самци. За време на парењето, постарите мажјаци ги бркаат помладите од мајчиното стадо. Бременоста просечно трае 170 дена. Женките обично раѓаат само по едно јаре. Јарињата можат да ја следат мајката речиси веднаш штом ќе се родат, а по 6 месеци престануваат да цицаат. Женките достигнуваат полова зрелост на возраст од 1.5-2.5 години, а мажјаците на 3.5-4 години. Животниот век на една коза трае 12 до 22 години.

Еколошки проблеми[уреди | уреди извор]

Иако дивите кози во некои предели се автохтони, нивно донесување во други краишта може да биде многу погубна одлука. Дивите кози на Галапагос (поколенија на козите оставени од истражувачи) на големо јаделе ендемски растенија. Ова го нарушило екосистемот, и за истиот да се поправи тие морале да бидат истребени со ловење.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Живеалишта[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Capra aegagrus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 11 мај 2006. Наведена како ранлива (VU A2cde v2.3)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Македонски[уреди | уреди извор]

Странски[уреди | уреди извор]