CUDA

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

CUDA (англиски: 'Compute Unified Device Architecture'), за првпат бил преставен во ноември 2006, претставува API за бројчени пресметки од општа намена, развиен од NVIDIA. Достапен е за сите најнови NVIDIA графички картички, почнувајќи од GeForce 8 серијата па натаму. Користи програмски модел заснован на C. Dруги програмски јазици или API се поддржани како на пример CUDA FORTRAN, OpenCL и DirectCopmpute.

CUDA го третира GPU обработувачот како ко-обработувач до на CPU. Функции со паралелно однесување се напишани со користење на CUDA верзија на програмскиот јазик C. Пред преземањето на овие функции на графичкиот обработувач, CUDA го преведува во инструкциско множество на уредот. Таквата програма се нарекува кернел.

На самата основа постојат трите клучни апстракции кои се изложени на CUDA програмерот како минимално множество на дополнувања на програмскиот јазик, и тоа: хиерархија на групи на нитки, делена меморија и синхронизација на бариери.