Прејди на содржината

CN-ѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија

CN-ѕвезда — ѕвезда со необично силни цијанорадикални појаси во нејзиниот спектар споредено со други ѕвезди од нејзината класа.[1] Цијанорадикалот е проста молекула од еден јаглероден и еден азотен атоом, со впивни појаси околу брановите должини 388,9 and 421,6 нанометри.[2] Оваа група ѕвезди за првпат е забележана во 1949 г. кај извесни џинови од типовите G и K од Џ. Џ. Насау и В. В. Морган[3] Потоа во 1952 г. Ненси Роман пронашла уште 4.150 вакви ѕвезди.[4] Се разликуваат од бариумските ѕвезди по тоа што немаат елементи од s-процес, и од другите видови на сјајни ѕвезди по општата слабост на својствата, освен CN-лините.[3]

Вишокот сила на CN-појасите се класификува со позитивен показател на постепени искачувања од 0,5. Нула означува нормална ѕвезда и не е наведена како класа, а највисока вредност е 4, каде ѕвездата е слична на јаглеродна ѕвезда. Ѕвездите класификувани во МК-системот со претставка CN се сметаат за „силни“ CN-ѕвезди. Затоа, 42 Вага е силна CN-ѕвезда од класата K3-III CN2. Вредноста 0,5 означува рабна CN-ѕвезда, што одговара на типичните џиновски ѕвезди во јатото Хијади.[5]

  1. Keenan, P. C.; Heck, A. (July 1994). „SMR stars, strong-CN stars, and R stars“. Revista Mexicana de Astronomía y Astrofísica. 29: 103–110. Bibcode:1994RMxAA..29..103K.
  2. Schmitt, John L. (3 June 1970). „Stars with Strong Cyanogen Absorption“. Astrophysical Journal. 163: 75. Bibcode:1971ApJ...163...75S. doi:10.1086/150747.
  3. 3,0 3,1 Keenan, Philip C. (August 1987). „Spectral types and their uses“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 99: 713–723. Bibcode:1987PASP...99..713K. doi:10.1086/132036. S2CID 121556654.
  4. Roman, Nancy G. (1 March 1952). „The Spectra of the Bright Stars of Types F5-K5“. Astrophysical Journal. 116: 122. Bibcode:1952ApJ...116..122R. doi:10.1086/145598.
  5. Keenan, Philip C.; и др. (July 1987). „Recognition and classification of strong-CN giants“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 99: 629–636. Bibcode:1987PASP...99..629K. doi:10.1086/132025.