Бојан Шоптрајанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Boyan Šoptrajanov)
Бојан Шоптрајанов
Роден(а)26 јануари 1937
Чачак, Србија
ДржавјанствоМакедонец
ПолињаСтруктурна хемија¹
Хемиско образование[1]
ОбразованиеПриродно-математички факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Скопје
Белешки
¹особено активен на полето на вибрационата спектроскопија

Бојан Шоптрајанов, академик и доктор на науки, (роден на 26 јануари 1937)[1] е македонски хемичар, одговорен за многу резултати на планот на развојот и афирмацијата на хемиската наука во Македонија и во светот, како и на унапредувањето и на осовременувањето на образованието од областа на хемијата во Македонија. Тој е автор на околу 202 научни трудови кои се печатени главно во меѓународни списанија и на 15 учебници и учебни помагала (вкупно 43 библиографски учебникарски единици) за средно образование, а има 40-годишно искуство на континуирано образовање на високообразовни кадри[1][2].

Шоптрајанов од 1996 е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите[1], а во 2007 стана еден од нејзините потпретседатели[3][4] откако беше меѓу најсериозните кандидати за нејзин претседател[5].

Добитник е на голем број на награди и признанија, меѓу кои се вклучуваат Златна плакета и признание (1986) од движењето „Наука на младите“ на Југославија; „Томазиусов медал“ (1987) од Универзитетот во Хале (Германија), Повелба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (2003), награда „11 октомври“ (2005) и многу други[1].


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Академик д-р Бојан Шоптрајанов“. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје. Архивирано од изворникот на 2009-09-23. Посетено на 20 јуни 2009.
  2. „Бојан Шоптрајанов: Високата награда ќе ја добијат шест поединци и едно друштво“. „Утрински весник“, број 1901. 16 октомври 2006. Посетено на 20 јуни 2009.
  3. „МАНУ: Претседателство“. Македонска академија на науките и уметностите. Архивирано од изворникот на 2011-04-20. Посетено на 20 јуни 2009. (англиски)
  4. Александра Бубевска (3 декември 2007). „Старделов е нов претседател на МАНУ, Шоптрајанов и Камбовски потпретседатели“. А1 телевизија. Посетено на 20 јуни 2009.
  5. Александра Бубевска (28 ноември 2007). „Се избира новиот претседател на МАНУ“. А1 телевизија. Посетено на 20 јуни 2009.