Blues Breakers with Eric Clapton

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Blues Breakers
Студиски албум од Џон Меиал со Ерик Клептон
Издаден јули 1966 (1966-07)[1]
Снимен април,l 1966 во „Decca Studios“, Западен Хемпстед, Лондон, Англија[2]
Жанр Блуз рок, електричен блуз, Британски блуз
Траење 37:06
Издавачка куќа „Decca“ (ОК)
London(САД)
Продуцент Мајк Вернон
Џон Меиал со Ерик Клептон — Хронологија
Having a Rave Up со The Yardbirds
(1965)
Blues Breakers
(1966)
Fresh Cream од Cream
(1966)

Blues Breakers е електричен блуз албум од 1966 од Џон Меиал и Ерик Клептон.

Името на бендот „John Mayall & the Bluesbreakers“ кое било користено потекнува од насловот на овој албум. Албумот, исто така, е познат и како The Beano Album поради сликата на обвивката каде што е прикажан Клептон како го чита списанието „The Beano“,[3] Британско комично списание за деца. Во неговата автобиографија, Клептон вели дека го читал ова списание бидејќи за фреме на фотосесијата се чувствувал „некооперативно“.[2]

Позадина[уреди | уреди извор]

Оригинално, Џон Меиал имал намера неговиот втор албум да биде албум во живо со цел да ги потенцира гитарските сола изведени од Ерик Клептон. Неколку делови биле снимени во „Flamingo Club“ со Џек Брус (со кој подоцна Клептон ќе свири во „Cream“) на бас гитара. Сепак, снимките од концертот биле со лош квалитет и биле избришани.[4]

Снимање[уреди | уреди извор]

Откако оригиналниот план за албум во живо бил отфрлен, „John Mayall & the Bluesbreakers“ го снимиле Blues Breakers with Eric Clapton во „Decca Studios“, Западен Хемпстед во март, 1966. Гитарата која Клептон ја користел за време на снимањето била „Gibson 'sunburst' Les Paul“ од 1960. Оваа гитара, чии податоци на потеклото се сèуште непознати, е позната и како „Beano“ Лес Пол.

Бендот на овој албум ги вклучувал Меиал на пијано, оргули Хамонд, хармоника и поголемиот дел од вокалите, Џон Мекви како басист, Хјуџи Флинт на тапани и Клептон. Како дополнување на тимот во постпродукцијата била додадена трубачка секција со Алан Скидмор, Џон Алмонд и Дерек Хилеј.

Песни и стилови на песни[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од албумот е искомпониран според блуз стандардите на докажаните артисти како Отис Раш, Фреди Кинг и Роберт Џонсон, како и неколку оригинално искомпонирани од Меиал или Клептон и Меиал. Поголемиот дел од песните ги отсликуваат почетничките години од клептоновото свирење за разлика од „Another Man“, „Ramblin' On My Mind“, „Parchman Farm“ и „What'd I Say“. Исто така, тој пеел на неколку снимки од „Yardbirds'“, „Ramblin' On My Mind“ била прват соло снимка на Клептон каде што бил водечки вокал.[2]

Список на песни[уреди | уреди извор]

Оригинален албум[уреди | уреди извор]

Страна еден
  1. „All Your Love“ (Вили Диксон/Отис Раш) – 3:36
  2. „Hideaway“ (Фреди Кинг/Сони Томпсон) – 3:17
  3. „Little Girl“ (Меиал) – 2:37
  4. „Another Man“ (Меиал) – 1:45
  5. „Double Crossing Time“ (Клептон/Меиал) – 3:04
  6. „What'd I Say“ (Реј Чарлс - 4:29
Страна два
  1. „Key to Love“ (Меиал) – 2:09
  2. „Parchman Farm“ (Мосе Алисон) – 2:24
  3. „Have You Heard“ (Mеиал) – 5:56
  4. „Ramblin' on My Mind“ (Роберт Џонсон/Традиционална) – 3:10
  5. „Steppin' Out“ (Џејмс Брикен) – 2:30
  6. „It Ain't Right“ (Литл Волтер) – 2:42

Европска преработена верзија од 1998 на издавачката куќа „Deram“[уреди | уреди извор]

Ги вклучува сите песни и во моно и во стерео: 1-12 во моно како и погоре, 13-24 како 1-12 погоре, но во стерео.

Американска преработка од 2001 на издавачката куќа „Deram“[уреди | уреди извор]

Ова издание вклучува две бонус песни:

  1. „Lonely Years“ (Меиал) – 3:21
    • Синглот е издаден во август, 1966.[5]
  2. „Bernard Jenkins“ (Clapton) – 3:48
    • Издадена како Б-страна на „Lonely Years“.[5]

40 годишнина во 2006 - „Deluxe Edition“ („Decca“)[уреди | уреди извор]

  1. „Crawling up a Hill“ (Меиал) – 2:08
  2. „Crocodile Walk“ (Меиал) – 2:23
  3. „Bye Bye Bird“ (Сони Бој Вилјамсон II, Вили Диксон) – 2:49
  4. „I'm Your Witchdoctor“ (Меиал) – 2:11
    • Синглот е издаден во октомври, 1965.[5]
  5. „Telephone Blues“ (Меиал) – 3:57
    • Б-страна на „I'm Your Witchdoctor“.[5]
  6. „Bernard Jenkins“ (Клептон) – 3:49
  7. „Lonely Years“ (Меиал) – 3:19
  8. „Cheatin' Woman“ (Меиал) – 2:03
  9. „Nowhere To Turn“ (Меиал) – 1:42
  10. „I'm your witchdoctor“ (Меиал) – 2:10
  11. „On Top of The World (стерео микс)“ (Меиал) – 2:34
  12. „Key To Love“ (Меиал) – 2:02
  13. „On Top of The World“ (Меиал) – 2:34
  14. „They Call It Stormy Monday“ (Ти Бон Вокер) – 4:35
  15. „Intro Into Maudie“ (Џон Ли Хукер, Меиал) – 2:27
  16. „It Hurts To Be In Love“ (Диксон, Тумбс) – 3:22
  17. „Have You Ever Loved A Woman“ (Мајлс) – 6:44
  18. „Bye Bye Bird“ (Вилјамсон, Диксон) – 3:51
  19. „Hoochie Coochie Man“ (Диксон) – 3:53

25, 26, 28, 29, 30, и 31 се појавуваат како синглови; 39-43 се појавуваат на Primal Solos со Џек Брус на бас гитара; 38 е на Looking Back; останатите се од сесиите во „BBC“

Личности[уреди | уреди извор]

Дополнителни музичари[уреди | уреди извор]

Продукција[уреди | уреди извор]

  • Гас Дадџион – инжинер
  • Мајк Вернон - продуцент

Највисоки позиции на музичките листи[уреди | уреди извор]

Година Листа Позиција
1966 UK Album Chart #6[6]

Успеси[уреди | уреди извор]

Во 2003 албумот бил рангиран на 195-та позиција на листата „500 најдобри албуми на сите времиња“ на магазинот „Rolling Stone“.[7]

Покрај тоа што албумот се смета за еден од највлијателните блуз албуми, во него е вклучена сега-легендарната комбинација на Гибсон Лес Пол гитара поврзана со дисторзиран „Marshall Bluesbreaker“ засилувач.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eder, Bruce. „Overview: Bluesbreakers with Eric Clapton by John Mayall & the Bluesbreakers“. Allmusic. United States: Rovi Corporation. http://www.allmusic.com/album/bluesbreakers-with-eric-clapton-r12580. конс. 11 декември, 2010 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Clapton, Eric (2007). „Поглавје 4: „Cream““. Clapton: The Autobiography (1st издание). САД: Издавател „Broadway Books“. стр. 72, 73. ISBN 978-0-385-51851-2. 
  3. 3,0 3,1 Maloof, Rich (2004). Jim Marshall, father of loud: the story of the man behind the worlds most famous guitar amplifiers. Hal Leonard. стр. 48–49. ISBN 9780879308032. http://books.google.com/books?id=mLmpGbR_n0AC&pg=PA49. 
  4. Schumacher, Michael (1995). „Chapter 3: Deification (1965-66)“. Crossroads: The Life and Music of Eric Clapton (1st издание). New York City, New York: Hyperion. стр. 64–66. ISBN 078686074X. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 http://www.eric-clapton.co.uk/ecla/discography.html
  6. „Chart Stats - John Mayall With Eric Clapton“. Издавател - www.chartstats.com. http://www.chartstats.com/artistinfo.php?id=11083. конс. 17 јуни 2010 г. 
  7. Posted Nov 01, 2003 12:00 AM (1 ноември 2003). „195) Blues Breakers“. Rolling Stone. http://www.rollingstone.com/news/story/6599352/195_blues_breakers. конс. 19 март 2010 г.