Bike-to-Work ден

Од Википедија — слободната енциклопедија

Bike to Work ден (На работа на велосипед) — годишен настан кој се одржува во пролет, на различни денови насекаде во светот со цел промоција на велосипедот како превозно средство за тренспортирање до работа.

Мај е велосипедски месец секоја година, а Bike to Work недела е неделата во која се одржува Bike to Work денот кој варира од град до град.

Потекло[уреди | уреди извор]

Bike to work денот потекнува од Лигата на Американските Велосипедисти во 1956 година и е дел од Bike to Work недела, која пак e дел од Националниот месец на велосипеди.

Активности[уреди | уреди извор]

Провиденс, Род Ајленд градоначалникот Хорхе Елорза се обраќа на собирот по повод Bike to Work денот во мај 2015 година.

Пред Bike to Work денот, национални, регионални и локални групи за промовирање на велосипедизмот ги охрабрувале луѓето да го користат велосипедот како транспортно средство, како здрава и безбедна алтернатива на возењето автомобили, со тоа што обезбедувале информации за патиштата и совети за новите велосипедисти. Понатаму, Американската медицинска асоцијација го поддржа Bike to Work денот како дел од охрабрувањето за употреба на активен транспорт. Настанот е поддржан од многу организации, од локални продавници за велосипеди и ресторани до општини и јавни сообраќајни претпријатија. 

Регионалниот предизвик “Bike to work” (На работа на точак) е целосно непрофитен, спонтано договорен и афирмиран настан кој го поддржуваат организации од регионот: Srbija (Novosadska Biciklistička Inicijativa, UG Ulice za bicikliste, Niška saobraćajna unija, Vozi Ulice), Crna Gora (Biciklo.me), Makedonija (НаТочак), Slovenija (Ljubljanska kolesarska mreža), Hrvatska (Bike My Day), Bosna i Hercegovina (Centar za životnu sredinu / Center for Environment), Mađarska (Magyar Kerékpárosklub)

Во Македонија во два наврата беше организиран Bike to Work денот, од 22 септември до 1 октомври 2014 под паролата „На работа, на точак (Скопје)“[1] и на петок, 13 февруари 2015 под паролата „Зимски Bike to Work ден“[2] во организација на НаТочак. За промоција и следење на активностите се користи хаштагот #НаРаботаНаТочак на друштвените медиуми.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „На работа, на точак (Скопје)“. 23 септември 2014.
  2. „Winter Bike to Work Day - Skopje“. 7 февруари 2015.