Benz Patent-Motorwagen

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Benz Patent Motorwagen)
Бенц Патент-Моторно возило
Benz Patent Motorwagen
Реплика на Бенц Патент-Моторно возило
ПроизводителРајнска фабрика за гасни мотори Бенц и Др.
Период18861893
НаследникБенц Фело
Страничен поглед на возилото

По конструирањето на успешен гасен двотактен клипен мотор во 1873, Карл Бенц се задржал на кокнструкцијата на моторизирано возило. Резултатот од тие напори бил т.н. Patent Motorwagen (патент-моторно возило) во 1886, изум кој се смета за првиот наменски автомобил, т.е. возило целосно конструирано за моторизација. Бенц официјално го претставил возилото на 3 јули 1886 г. на улицата Рингштрасе во Манхајм, Германија. На него стоел германскиот патентен број 37435, за кој Бенц се пријавил на 29 јануари, 1886.

Особености[уреди | уреди извор]

Патент-Моторното возило било возило на три тркала со заден погон, каде бил и самиот мотор. Направена е од челични цевки со дрвеи плочи, и тркала со челични жици и полни гуми (Бенцов изум). Возилото се управувало по пат на кремалера која го вртела неамортизираното предно тркало. Одзади имало (наполно) елиптични пружини заедно со прицврстена оска и ланчен пренос на обете страни. Автомобилот имал еднобрзински пренос преку едноставен ремен, и момент насила кој варирал меѓу отворен и погонски диск.

Првото Патент-Моторно возило била придвижувана од едноцилиндричен четворотактен мотор со зафатнина од 954см³. Овој погон давал сила од 23 КС (12 kW) при 250 врт/мин. на самото возило, иако според подоцнежните тестови на Манхајмскиот универзитет покажале дека моторот може да даде 0.9 КС (0.7 kW) при 400 об./мин. Овој мотор бил многу лесен за своето време со своите ~100 кг. Иако отворениот картер и системот на подмачкување со капење се страни за денешниот механичар, погонските механизми и вентили за издув би биле прилично познати. Голем хоризонтален замаец ја стабилизирал изелзната сила на едноцилиндричниот мотор, а карбураторот на испаренија бил контролиран од џебен вентил за регулирање на силата и брзината на моторот.

Бенц подоцна направил и други модели на ова возило, број 2 со 1.5 КС (1.1 kW) и број 3 со 2 КС (1.5 kW), давајќи му на возилото можност за маскимална брзина од 4 км/ч. Шасијата била подобрена во 1887 со дрвени спици, резервоар и рачна сопирачка на задните тркала.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]