Audita tremendi

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Audita tremendi
латински јазик: Слушнавме за страшниот
Була од папата Григориј VIII
Gregorius VIII. coat.jpg
Дата29 октомври 1187
МестоФерара, Италија,
Енциклички бројна понтифактот

Audita tremendi (во превод од латински: Слушнавме страшна вест) – папска була на римскиот папа Григориј VIII, издадена во градот Ферара, Италија, на 29 октомври 1187 година, која ги повикува западните христијани во Трет крстоносен поход.

Како и сите папски були, Audita tremendi го добила своето име по првите зборови: "Audita tremendi severitate judicii, quod super terram Jerusalem divina manus exercuit ..., во превод:" Слушнавме за страшниот и суров суд, со кој раката Господова ја порази Ерусалимската Земја ... ". Причина за издавање на булата било известувањето што папата го добил за поразот кај Хатин на 4 јули 1187 година. На датумот на издавање на булата, Ерусалим веќе бил освоен од Саладин, но до Европа оваа вест сè уште не била стигната.

Булата ги поврзува поразите на крстоносците со недостојниот и грешен живот на западните христијани во Светата Земја. Овие гревови, според папата, треба да бидат откупени од сите христијани, и за спасението на Ерусалим е потребен нов крстоносен поход. Булата ветува индулгенции за сите учесници во походот, опростување на гревовите на сите загинати за време на походот, и заштита на имотот на крстоносците од страна на црквата.