Aseth

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

ASETH (A Simple Exchanger Of THoughts - Едноставен разменувач на мисли) ќе биде социјална мрежа и алатка за микроблогирање развиена во Adobe Flash која ќе им овозможува на корисниците да читаат и запишуваат мисли / пораки или да комуницираат во реално време.

Изработка[уреди | уреди извор]

Моментално, ASETH е сèуште во ран период на изработка со ограничена функционалност, а објавеното издание е наменето за тестирање. Алатката се развива во Adobe Flash, PHP и користење на XML бази на податоци и истата ќе биде достапна на македонски и англиски. При самото вчитување на алатката, потребно е да се внесе име и да се кликне на „Влез“ каде што корисникот е автоматски пренасочен на основната страница. Десно на страната се наоѓаат мислите или пораките од претходни корисници - временски распоредени, додека пак горното лево поле од страницата служи за испраќање на мисла или порака од 300 знаци кон базата на пораки. Долниот лев дел служи за комуницирање во реално време со користење на претходно избраното име.

Моменталната функционалност и дизајн на ова издание, може но и не мора да се одразат на крајниот продукт на ASETH.

Врски[уреди | уреди извор]

Лимитираното издание на ASETH