Aristolochia rotunda
| Aristolochia rotunda | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Aristolochia |
| Вид: | Aristolochia rotunda |
| Научен назив | |
| Aristolochia rotunda L. | |
Aristolochia rotunda е тревесто повеќегодишно туберозно растение кое потекнува од Јужна Европа.
Опис
[уреди | уреди извор]Расте до 60 см во должина, со тенки, сјајни, неразгранети или разгранети стебла. Коренот, кртола, достигнува 5-25 смво должина и понекогаш изгледа непропорционално на виткоста на растението. Стеблото има наизменични, големи листови, со мазни рабови, во форма на срце 4-6 см долги. Осамените цветови се цевчести, жолтеникаво-зелени со истакнат, темнокафеав до темновиолетов преклоп, кој произлегува од аксилите на листовите. Цветовите имаат непријатен мирис. Цветниот период се протега од април до јуни.[1]
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Ова растение е вообичаено во медитеранските земји од Шпанија источно до европска Турција. Натурализирано е многу локално во јужна Англија.[2]
Расте по бреговите на каналите, рабовите на рововите и полињата, страните на патиштата, ливадите, падините и шумите. Претпочита варовити почви и влажни, засенчени подрачја и расте на надморска височина од 0-800 местри.
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија расте по суви рудерални станишта, покрај дабови шуми или проретчени дабови шуми. Ова е доста често растение во потоплите делови јужно од Велес, и го има во: Велешко, Демиркаписко, Валандовско, Дојранско, Гевгелиско, а се наведува и за Беласица и Струмичко.[3]
Подвидови
[уреди | уреди извор]Прифатени се три подвида :
Хемиски состојки
[уреди | уреди извор]A. rotunda содржи аристолохични киселини кои се канцерогени, мутагени и штетни за бубрезите.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Листови
- Цвет
- Малите влакна во внатрешноста на чашката
- Цвет и лист
- Лист
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „eFlore“. Tela Botanica (француски). Посетено на 2025-07-17.
- ↑ „Smearwort Aristolochia rotunda L.“. PlantAtlas. Посетено на 2025-07-17.
- ↑ Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 88, МАНУ, Скопје, 1985
- ↑ „Plants Containing Aristolochic Acid“ (PDF). International Agency for Research on Cancer.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Aristolochia rotunda на Ризницата ?
Aristolochia rotunda на Викивидовите ?
|