Archiv für Slavische Philologie

Archiv für slavische Philologie е најстарото славистичко филолошко научно списание, генерално сметано за најдобро во областа во времето кога било објавувано. Било основано во 1875 од страна на Ватрослав Јагиќ и издавано од Weidmannsche Buchhandlung во Берлин, а благодарение на историчарот Теодор Момзен списанието добило финансиска поддршка од Пруското министерство за образование. Јагиќ бил уредник на списанието од 1876 со прекини до 1920, кога бил објавен 37 том. По смртта на Јагиќ во 1923 било издавано нередовно од Ерих Бернекер, но по 42 тома било прекинато издавањето на списанието во 1929.[1]
Јагиќ објавувал трудови за фонолошката, граматичката и синтаксичката структура на сите словенски јазици, описи на стари словенски книжевни споменици, усната литературна традиција, културата, митологијата, библиографии и други текстови. Тој одлучил германскиот да биде јазик на списанието што предизвикало реакции во словенските земји, но токму поради оваа одлука списанието станало посредник меѓу словенската и западноевропската наука и словенските студии го достигнале нивото на германистиката и романистиката.[1]
Сите истакнати слависти и други филолози објавувале во списанието. Самиот Јагиќ бил плоден соработник, пишувајќи обемни студии и придонеси во рубриките Anzeigen и Kleine Mitteilungen.[1]
| Викиизвор на германски јазик содржи оригинален текст на тема: |
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Archiv für slavische Philologie“, Croatian Encyclopedia (Croatian), Leksikografski zavod Miroslav Krleža, 1999–2009, Посетено на May 20, 2014CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)