Ампер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ampere)
ампер
Галванометар за мерење струја според насоката на иглата во маглетното поле што го создава струјата.
Информации за мерката
Мерен системосновна SI-единица
Единица заелектрична струја
ОзнакаA 
Сините крукчиња се електроните што минуваат низ напречниот пресек на проводникот. Еден ампер е еднаков на кулон набој (6,241 × 1018 ел. полнежи) што минува низ пресекот во текот на една секунда.

Амперот (симб. A; крат. амп, amp[1]) е основна SI-единица за електрична струја[2] (величински симб. I, i)[3] Наречена е по францускиот физичар Андре Мари Ампер (1775–1836), основоположник на електродинамиката.

Практично изразено, амперот е мерата во која електричниот набој што минува низ некоја точка во електрично коло по единица време со 6,241 × 1018 електрони, или еден кулон во секунда што сочинува еден ампер.[4]

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Илустрација на дефиницијата за ампер.

Законот за Амперовата сила (Амперов закон) вели дека привлечна или одбојна сила помеѓу две паралелни жици низ кои тече струја. Оваа сила се користи во формалната дефиниција за ампер, која вели дека „амперот е јачина на постојана електрична струја која тече низ два паралелени спроводника со неограничена должина и занемарливо мал кружен напречен пресек, што се наоѓаат во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар, и меѓу тие спроводници предизвикува сила еднаква на 2 × 10–7 њутни на метар должина.“[5]

Единицата набој во SI, кулонот, „количеството електрицитет што го носи струја од 1 ампер за време од 1 секунда“.[6] Обратно земено, струјата од еден ампер е набој од еден кулон што минува некоја точка во рок од една скунда:

Пократко искажано, набојот Q го определува постојана струја I што тече за време t како Q = It.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „amp“. Oxford Dictionaries. Oxford University Press. Посетено на 19 ноември 2011.[мртва врска]
  2. „Единица за електрична струја (ампер)“. Брошура на SI (VIII изд.). МБТМ. Посетено на 19 ноември 2011. (англиски)
  3. „Основни SI-единици“. Брошура на SI (VIII изд.). МБТМ. Посетено на 19 ноември 2011. (англиски)
  4. Bodanis, David. (2005). Electric Universe. New York: Three Rivers Press. ISBN 978-0-307-33598-2
  5. Брошура - Прилог 3: Систем SI на основни мерни единици[мртва врска] - Биро за метрологија на РМ (македонски)
  6. „Меѓународен систем на мерни единици (SI)“, VIII изд. стр. 144. - МБТМ (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]