Amaranthus blitum
| Amaranthus blitum | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Amaranthus |
| Вид: | Amaranthus blitum |
| Научен назив | |
| Amaranthus blitum L. | |
Amaranthus blitum е едногодишен растителен вид од семејство Amaranthaceae. Има голем број на кулинарски намени.
Опис
[уреди | уреди извор]Едногодишно растение. Стеблото прилегнато до вертикално, до 80 цм долго, голо. Листовите последователни, со долги дршки кои може да се подолги од ламината. Ламината ромбично-јајцевидна до круглесто-ромбична, во основата одеднаш стеснета, на врвот заокруглена или вдлабната, гола, со јасно испакнати бели жили на долната страна, по работ честопати набрчкана. Цветовите групирани во цимозни соцветија во пазувите на листовите и во едно терминално неразгрането безлисно класовидно соцветие. Брактеолите јајцевидни, на врвот заострени, ципести, со тенка жила, за 2/3 или 1/2 покуси од перијантот. Машките цветови со 3 перијантни ливчиња. Ливчињата на перијантот долгнавести и заострени. Женските цветови со 3 перијантни ливчиња. Ливчињата на перијантот долгнавесто-линејни до лопатовидни, на врвот тапи или заострени. Плодот широко елипсовиден, странично сплеснат, не распукнува со напречна пукнатина, но се отвора со неправилно раскинување, по површината со брадавичести и неправилни брчки. Семката лековидна, темнокафеава до црна, сјајна, со тап раб.[1]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Расте по ѓубришта, запуштени ниви, дворишта и покрај влажни патишта.
Познато само за Кочани, а се посочува за Струга - с. Вељуса, Штип - с. Софилари, покрај Вардар помеѓу Велес и Демир Капија.[1]
Сродни растенија
[уреди | уреди извор]Amaranthus viridis е тесно поврзан и јадлив.[2]
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]По потекло од медитеранскиот регион, натурализиран е и во други делови од светот, вклучувајќи го поголемиот дел од источна Северна Америка, голем дел од тропска Африка, Западна Европа и Јапонија. [3] Во Британија за прв пат е забележан во дивината во 1771 година, кога се појавил во Есекс. Се појавувало почесто на расфрлани локации во јужна Англија во 19 век, но оттогаш се намалило. Во Гернзи и на други места е воспоставено како повремено растение, кое никнува на пуста земја, депонии и обработливи површини, веројатно од отпад од волна, кокосови влакна или семе од птици. [3]
Употреба
[уреди | уреди извор]Иако не се одгледува, ова растение се собира од дивината и се јаде во многу делови од светот. Грците ги јадат листовите и сварените нежни изданоци, послужени со маслиново масло, лимон и сол. Во Либан од младите изданоци се прави прилог. Тие се готват во маслиново масло, кромид, чили и булгур, се зачинуваат со сол и лимон и се јадат со пита.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 3. Скопје: МАНУ. стр. 407.
- ↑ Grubben, G.J.H. (2004). Vegetables. PROTA. стр. 88. ISBN 978-90-5782-147-9.
- 1 2 3 Grubben, G.J.H. (2004). Vegetables. PROTA. стр. 63–65. ISBN 978-90-5782-147-9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|