Прејди на содржината

Alkanna

Од Википедија — слободната енциклопедија
Alkanna
Alkanna orientalis
Научна класификација
Типски вид
Alkanna tinctoria
(L.) Tausch
Видови

66

Синоними[1]
  • Alcanna Orph. (1870)
  • Baphorhiza Link (1829)
  • Camptocarpus K.Koch (1842), nom. superfl.
  • Campylocaryum DC. ex Meisn. (1840)
  • Oskampia Moench (1794)
  • Rhytispermum Link (1829)

Alkanna е род на тревни растенија од семејството Boraginaceae. Вклучува 66 видови кои растат во јужна и источно-средна Европа, западна Азија и Северна Африка.[1] Осум видови растат во Македонија.[2]

Повеќегодишни или едногодишни растенија, препокриени со прости, четинести и меки влакненца, како и со жлездести влакна. Цветовите се во пазуви на брактеи, собрани во врвни цимозни соцветија. Чашката речиси до основата всечена на 5 линејно-ланцетни сегменти, при формирањето на плодот обично се зголемува. Венчето со различна боја: сино, виолетово, жолтеникаво, жолтеникаво-кафеаво, портокалово, од надворешната страна често дејствува нечистосино, од надолжните синкави жили, со повеќе или помалку изразена цилиндрична трубичка и со инковидно проширен дел од венчето. Во отворот на венечната трубичка е присутен прстен од влакненца или мали набори. Прашниците прикрепени во средниот дел на венечната трубичка. Столпчето со мал, неразделен жиг, затворено во венечната трубичка. Оревчињата бубреговидни до издолжено јајцевидни, со куса дршка, со папили или брадавичести израстоци.[2]

Прифатени се 66 видови.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Alkanna Tausch Plants of the World Online. Retrieved 23 July 2024.
  2. 1 2 Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 102 издавач: МАНУ, Скопје, 2010