Прејди на содржината

Alea iacta est

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гај Јулиј Цезар

Ālea iacta est (изговор: алеа јакта ест - коцката е фрлена) — изрека на Гај Јулиј Цезар[1]

Друга верзија на изразот

[уреди | уреди извор]

По некои автори Цезар рекол ālea iacta estо лат. (изговор: алеа јакта есто - „Нека падне коцката“.[1]

Потекло на изразот

[уреди | уреди извор]

„Коцката е фрлена“ рекол на 10 јануари 49 г. п.н.е. римскиот војсководец, државник и писател Гај Јулиј Цезар, кога одлучил, и покрај забраната од Сенатот, а по цена на граѓанска војна, со своите легии, да ја премине реката Рубикон.[1]

Толкување

[уреди | уреди извор]

Изразот се кажува, кога е донесена одлука од деликатна важност.[1]

  1. 1 2 3 4 Клајн И. и Шипка М, Велики речник страних речи и израза, Прометеј, Нови Сад, 2008.г.