Alburnus chalcoides
| Alburnus chalcoides | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Alburnus |
| Вид: | Alburnus chalcoides |
| Научен назив | |
| Alburnus chalcoides | |
Alburnus chalcoides — слатководна зракоперна риба од семејството Leuciscidae.
Опис и градба
[уреди | уреди извор]Рибата е со издолжено тело има од 57 до 70 парчиња помали лушпи по страничната линија, грбот и горната страна на главата се темни по боја со зеленикави нијанси, а страните на телото, како и стомакот, се сребрени по боја. Перките, освен опашката, се сивкасти по работ, а во основата стануваат црвеникави. Просечните примероци растат од 15 до 25 см, а постојат и податоци за примероци над 40см.
Навики, живеалиште, распространетост
[уреди | уреди извор]Рибата живее во помирните води на сливот на Црното Море. Во Дунав и неговите поголеми притоки. Оваа риба плови во јато. Се храни со ларви од инсекти, планктонски ракови и инсекти што паѓаат на површината на водата.
Репродукција
[уреди | уреди извор]Рибата се мрести од април до јуни, во крајбрежната област на чакалеста подлога. Достигнува полова зрелост на возраст од три до четири години. Нејзината плодност е од 20.000 до 40.000 јајца. За време на мрестењето, мажјаците развиваат брадавични израстоци на главата и предниот дел од телото.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Freyhof, J. (2024). „Alburnus chalcoides“. Црвен список на загрозени видови. 2024. doi:10.2305/IUCN.UK.2024-2.RLTS.T135499A135067276.en. Посетено на 18 April 2025. Занемарен непознатиот параметар
|article-number=(help)