Ajuga chamaepytis
| Ajuga chamaepytis | |
|---|---|
| Ajuga chamaepitys | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Ajuga |
| Вид: | Ajuga chamaepytis |
| Научен назив | |
| Ajuga chamaepitys L.) Schreb. | |
Ajuga chamaepitys е вид цветно растение, скриеносеменици од семејството Усноцветни. Растението има многу исти карактеристики и својства како Ajuga reptans. A. chamaepitys може да се најде во Европа, источниот дел на Медитеранот и Северна Африка. Во Македонија регистрирани се неколку поединечни примери од овој вид се посочува во Скопска Црна Гора, Шар Планина, клисурата на реката Раец и Кавадаречко. Расте покрај патишта, по ораници, патишта, угари, брдски пасишта.
Ботанички опис
[уреди | уреди извор]Ajuga chamaepitys е мала тревно едногодишно или повеќегодишно растение кое достигнува 10-40 см во висина. Стеблото не разгрането или силно разгрането од основата, со вертикални или придигнати ливчиња со стрчести или прилегнати долги влакна. Листовите триделни со линејни сегменти и имаат спротивен распоред. Листовите можат да достигнат и до 4 см долги, поделени се на три линеарни лобуси и, кога се згмечуваат, имаат мирис сличен на борови иглички. Цветовите со многу куса дршка или скоро приседнати по 2 до 4 во секој нодиум. Чашката 4 до 6 мм дола, влакнеста и со ретки жлезди, со пет триаголни запци, кои се скоро еднакви со должината на трубичката на чашката. Прашниците се влакнести филаменти и излегуваат надвор од трубичката. Растението ги исфрла своите сјајни црни семиња блиску до матичното растение и семето може да остане живо во почвата до 50 години. Неговата сезона на цветање е генерално кон крајот на пролетта. Растение е значително намалено поради промените во земјоделството во планинските предели. На прв поглед, A. chamaepitys изгледа како мал бор со црвеникаво-виолетово влакнесто стебло со четири агли.[1]
Употреба на билката во народната медицина
[уреди | уреди извор]Ajuga chamaepitys има стимулативно, диуретично и еменагошко дејство и билкарите ја сметаат за добар лек за гихт и ревматизам, а исто така е корисна и кај женските заболувања. Во Левант, растението традиционално локалното население го користеле како аналгетик.[2] Добро познато растение било на билкарите од времето на Тјудорите кои ги користеле смолите содржани во листовите. Билката порано се сметала речиси како специфична кај гихт и ревматски заболувања. Листовите на растението биле сушени и мелени во прав. Таа била состојка на некогаш познатиот лек за гихт, Портланд во прав. Се состоела од листовите на Ajuga chamaepitys, кој има малку терпентински мирис и груб вкус, со слични својства опишани како на разреден алкохол.
Галерија
[уреди | уреди извор]- A. chamaepitys
- A. chamaepitys младо растение
- Ajuga chamaepitys со цверт
Наводи
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||