Прејди на содржината

Acanthurus xanthopterus

Од Википедија — слободната енциклопедија

Acanthurus xanthopterus — вид морска зракоперка која припаѓа на семејството Acanthuridae.

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Acanthurus xanthopterus првпат формално е опишан во 1835 година од францускиот зоолог Ашил Валенсиен, со типска локација дадена како Сејшели. Родот Acanthurus е еден од двата рода одAcanthurini, кое е едно од трите во подсемејството Acanthurinae.[1]

Acanthurus xanthopterus расте во должина до 70 см. Има 8 или 9 грбни боцки, 25–27 грбни меки зраци, три анални боцки, 23–25 анални меки зраци и 16–24 предни и 17–22 задни жабрени гребени.[2]

Телото му е виолетово-сиво. Кај окото има жолта област. Надворешната третина од неговата градна перка е жолта, крајниот дистален дел е хијалина. Грбните и аналните перки се жолтеникаво-сиви во основата и жолти во дисталната страна.[2]

Опсег и живеалиште

[уреди | уреди извор]
A. ксантоптерус од Малдиви

Acanthurus xanthopterus живеат во близина на корални гребени на длабочина од 5-90 метри, и температура на водата 24°C-28°C, на географската ширина од 30° северно до 30° јужно. Се протега од Источна Африка до Хавајските Острови и Француска Полинезија, северно до јужна Јапонија, јужно до Големиот Корален Гребен и Нова Каледонија, а во Источниот Пацифик, од долниот Калифорниски Залив и островот Клипертон до Панама и островите Галапагос.[2]

Младите единки живеат во плитки, заштитени, заматени крајбрежни води, додека возрасните единки претпочитаат подлабоки области на заштитени заливи и лагуни.

Acanthurus xanthopterus се храни со силикатни алги, други видови алги, хидроиди и парчиња риба. Веројатно е единствената риба од овој род која лесно фаќа мамка.[2]

  1. J. S. Nelson; T. C. Grande; M. V. H. Wilson (2016). Fishes of the World (5th. изд.). Wiley. стр. 497–502. ISBN 978-1-118-34233-6.
  2. 1 2 3 4 Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2007). "Acanthurus xanthopterus"FishBase. October 2007 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]