Прејди на содржината

Abies guatemalensis

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гватемалска елка
Abies guatemalensis во резерватот Сан Мигел Лос Алтос, Тотоникапан, Гватемала
CITES, Додаток I (CITES)[2]
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари (класа)
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Abies
Вид: Гватемалска елка
Научен назив
Abies guatemalensis
Rehder

Abies guatemalensis, гватемалската елказимзелено дрво по потекло од Средна Америка и е најјужниот член на родот Abies, распространет на југ пониско од 14° северна географска ширина.[3] Неговиот опсег е од јужно (помалку од западно и средно) Мексико на север до Хондурас и Ел Салвадор на југ. Дрвото бара топлина и влага. Гватемалската елка е речиси целосно неотпорна на мраз. Поради сечата и губењето на живеалиштата, дрвото се смета за загрозено и е заштитено во CITES Додаток I.

A. guatemalensis е стожесто дрво кое расте од 20 до 35 метри во висина и 60 до 90 метри во обем. Гранките растат претежно хоризонтално. Кората е црникавокафеава и е поделена на плочи. Гранките се црвеникавокафеави до темно црноцрвени и влакнести. Пупките се топчесто-овоидни, смолести и долги приближно 5 мм. Листовите се донекаде чешелести или речиси пектински по распоред. Тие се нееднакви и темнозелени одозгора и восочни по текстура одоздола. Тие се долги од 1,5 до 5,5 см, широки од 1,2 до 2 мм. Стомите обично отсуствуваат погоре, но се појавуваат во 8 до 10 линии подолу. Тие содржат два маргинални смолести канали, а врвот на листот е засечен и емаргинален. Женските шишарки се издолжено-цилиндрични, а врвот е зашилен до малку сплескан. Тие се жолтеникаво-кафеави по боја со виолетова цут и се долги од 8 до 11,5 см и широки од 4 до 4,5 см. Лушпите се издолжени или пошироки отколку долги. Прицветниците се скриени, околу половина од висината на лушпата и се клинесто-обоидни по облик. Семките се светлокафеави оревчиња долги до 9 мм со крило долг до 1,5 см“.[4]

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Постојат две признати варијанти на A. guatemalensis, имено:

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

A. guatemalensis е наведен како загрозен од МСЗП поради експлоатацијата на дрва и губење на живеалиштата. Особеност на гватемалската елка е што расте во длабоки плодни почви, кои се пожелни за земјоделство од страна на месните жители (особено за плантажи со кафе). Се сметало за вообичаено дрво сè до 1940-тите. Големи популации можеби сè уште постојат во Хондурас, но податоците не се достапни. Се верува дека површините на секој преостанат насад во Гватемала (освен шумата Лос Алтос де Сан Мигел Тотоникапан) обично не се поголеми од 3 квадратни километри. Понатаму, културите на шишарки се нередовни, а ртењето е обично слабо. Меѓу преостанатите популации, се вели дека шумата Лос Алтос де Сан Мигел Тотоникапан во Гватемала ги содржи најголемите и најдобро зачувани насади по површина од 26.060 хектари, иако тие се исто така загрозени од нелегална сеча.[3] Како резултат на неговиот статус, стана нелегално за собирање во некои земји каде што е автохтон и е наведен во Додаток I на CITES, кој забранува комерцијална меѓународна трговија со примероци од диво потекло (вклучувајќи делови и деривати). Средноамериканската и мексиканската кооператива за четинари (CAMCORE) исто така започнала програми за заштита на дрвото во дивината.

Во Мексико, A. guatemalensis се наоѓа на пацифичките падини на Сиера Мадре дел Сур и јужната Сиера Мадре Оксидентал, во државите Чијапас, Оахака, Гереро, Мичоакан, Колима, Халиско, Најарит и Сакатекас. Типично живеалиште е на вулкански почви на надморска височина помеѓу 1800 и 3700 метри, во области со ладна, влажна клима со океанско влијание.

  1. „Abies guatemalensis (Guatemalan Fir)“. Црвен список на загрозени видови. doi:10.2305/IUCN.UK.2013-1.RLTS.T46186032A2795168.en. Занемарен непознатиот параметар |article-number= (help)
  2. „Appendices | CITES“. cites.org. Архивирано од изворникот 2007-02-03. Посетено на 2022-01-14.
  3. 1 2 3 Abies Guatemalensis. The Gymnosperm Database. 2006. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2017-12-04.
  4. Silba, John (1986). „Encyclopedia coniferae“. Phytologia Memoirs. Corvallis, Oregon: Moldenke and Moldenke. 8.
  5. Farjon, Aljos (1998). World Checklist and Bibliography of Conifers. Richmond, U.K.: Royal Botanical Gardens at Kew.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]