Aманда Херст
Аманда Херст | |
---|---|
Аманда Херст во 2004 г. | |
Роден(а) | Аманда Рендолф Херст 5 јануари 1984 Њујорк, САД |
Висина | м[1][2] |
Сопружник | Јоаким Ронинг (в. 2019) |
Аманда Рендолф Херст (родена на 5 јануари 1984 година) е американска активистка,[3] модел и наследничка на Херст корпорацијата, медиумскиот конгломерат на Вилијам Рендолф Херст Медиа. Таа е уредник за продажба во Мари Клер[4][5] и основач на „Пријатели на Фин“, организација посветена на запирање на нехуманиот третман на кучињата.[6] Таа исто така била и копретседавач на Советот за јуниори на Риверкипер.[7]
Семејство и ран живот
[уреди | уреди извор]Аманда Херст е дете на Ен Херст, внука на Пети Херст, и правнука на медиумскиот магнат Вилијам Рендолф Херст. Нејзиниот татко Ричард Мек Чесни се разделил од нејзината мајка пред раѓањето на Аманда.[8] Таа е исто така поќерка на романописецот Јеј Мекинерни [9] и братучетка на Лидија Херст-Шоу.
Херст се школувала во училиштето Чапин во Њујорк и дипломирала во Чоут Розмари Хол, интернатско училиште.[10] По кратко студирање на колеџот во Бостон, таа се откажала за да се занимава со мода.[11] На крајот се вратила на училиште и се школувала на универзитетот Фордхам, каде дипломирала во 2008 година,[12] историја на уметност.[7]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Аманда се омажила за Јоаким Ронинг на 2 август 2019 година.[13]
Мода
[уреди | уреди извор]Како поранешен модел на IMG, Херст се појавила на насловните страници на „Таун енд кантри“, Меѓународниот „Харперс базар“, „Космополитен“ и други големи списанија, како и во „Vanity Fair“.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Biography for amanda Hearst“. IMDb.com. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ Peter Davis. „Amanda Hearst“. Vogue.it. Архивирано од изворникот на 2013-02-18. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ „Stylish Professional Series : Amanda Hearst“. Prabal Gurung. 2011-06-09. Архивирано од изворникот на 2014-12-14. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ „Amanda Hearst Works at Marie Claire and Also Fights Unhealthy Puppy Mills“. The New York Times. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ „Meet Amanda Hearst, Founder and Chair of Friends of Finn : The Humane Society of the United States“. Humanesociety.org. Архивирано од изворникот на 2012-03-25. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ „Friends of Finn Members : The Humane Society of the United States“. Humanesociety.org. Архивирано од изворникот на 2012-03-26. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „Amanda Hearst“. Riverkeeper. Архивирано од изворникот на 2013-10-21. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ Lau, Venessa (June 2006). „A League of Their Own“. Style.com. CondéNet, Inc. Архивирано од изворникот на June 19, 2006. Посетено на June 22, 2007.
Patty's sister, Anne Hearst, separated from Amanda's father, Richard McChesney, before Amanda was born.
- ↑ „Photos: Behind the Hamptons Hedges“. Vanity Fair. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ „Photos: Portraits of 'Fortune's Children'“. Vanity Fair. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ „Amanda Hearst: heiress not in scandal shock - Telegraph“. Fashion.telegraph.co.uk. Архивирано од изворникот на 2016-05-04. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ „Fordham Notes: Ailey/Fordham B.F.A. in Dance Performance Benefit“. Fordhamnotes.blogspot.in. 2011-02-14. Посетено на 2013-10-20.
- ↑ https://www.townandcountrymag.com/the-scene/weddings/a28596395/amanda-hearst-joachim-ronning-wedding-hearst-castle/